Шакира / Фото: CRY-Olivier Huitel-Luis Sanchez. / The Photo One / Profimedia

По Батлер и Хамилтон, Шакира ги „подгреа“ гласините за нова романса – фотографирана е како излегува од хотел со познат актер

Популарната латино ѕвезда Шакира ги подгреа гласините за нова романса откако папараците ја уловија во друштво на познатиот мексикански актер Мануел Гарсија-Рулфо, ѕвездата на хит-серијата на Нетфликс, „Адвокатот Линколн“. Двајцата биле забележани како заедно го напуштаат луксузниот хотел „Sunset Tower“ во Западен Холивуд.

Додека го чекале својот автомобил пред хотелот, пејачката и актерот постојано се смееле и бурно разговарале, не криејќи го доброто расположение. Кога возилото пристигнало, Гарсија-Рулфо покажал вистински џентлменски манири, ѝ ја отворил вратата на Шакира да влезе на сопатничкото седиште, по што тој седнал зад воланот и двајцата заминале во непознат правец.

Парот бил облечен во лежерна комбинација, 49-годишната Шакира носела едноставна црна маичка, фармерки и црни чизми со платформа, додека 45-годишниот актер исто така се одлучил за фармерки, маица и црна јакна.

Фановите се воодушевени – „Таа го заслужува најдоброто“

Појавувањето на новите фотографии предизвика вистинска лавина од позитивни коментари на социјалните мрежи, каде што обожавателите веќе почнаа јавно да навиваат за оваа потенцијална врска.

„Ова е топ улов! Шакира го заслужува апсолутно најдоброто по сè што помина“, „Никогаш не би ми паднало на памет, но изгледаат брутално добро заедно“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Ова е прва посериозна емотивна поврзаност на Шакира која привлекува големо внимание, откако во 2022 година стави крај на 11-годишната врска со фудбалерот Жерар Пике, со кого ги има синовите Милан и Саша. Иако претходно медиумите ја поврзуваа со НБА ѕвездата Џими Батлер, возачот на Формула 1 Луис Хамилтон и актерот Лусиен Лависконт, се чини дека шармантниот мексикански актер, кој наскоро ќе го гледаме и во новиот продолжеток на „Jurassic World“, моментално е најблиску до нејзиното срце. Претставниците на двајцата уметници сè уште не се огласиле со официјален коментар.

Шакира и Бурна Бој го отвараат Мундијалот во Мексико, а шоу ќе има и во Торонто и во Лос Анџелес

Судот во Шпанија ја ослободи Шакира од обвиненијата за даночна измама

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот