„Забавно им е“: Шакира и Луис Хамилтон се во рана фаза од нивната врска

Шакира и Луис Хамилтон се сѐ поблиски, пишува „Пипл“. По серија јавни појавувања, колумбиската пејачка и британскиот возач на „Формула 1“ се во почетна фаза на состанување и, моментално, односот им е „забавен и флертувачки“.
„Тие поминуваат време заедно и сега се во фаза на запознавање. Забавно им е“, вели извор за „Пипл“.
Оваа вест доаѓа откако Шакира присуствуваше на Големата награда на Шпанија во Формула 1 во Барселона на 7 мај, каде Луис Хамилтон возеше за тимот на Мерцедес.

По настанот, пејачката и возачот беа забележани заедно на вечера со група пријатели, меѓу кои беа и пејачот Даниел Цезар и поетот Мустафа Ахмед. На заедничката фотографија, која беше објавена на Инстаграм, Хамилтон седи до Шакира и може да се каже дека тие двајца навистина уживале во друштвото.

Исто така, минатиот месец, тие двајца беа забележани како се дружат со пријатели на луксузна јахта во Мајами.
Еден ден пред Големата награда на Шпанија во Формула 1, Шакира беше прогласена за Жена на годината од страна на латино изданието на музичкото списание „Билборд“. При земањето на наградата, таа проговори за разделбата со нејзиниот поранешен партнер, Жерар Пике.
„Ова беше година на сеизмички промени во мојот живот, кога повеќе од кога било почувствував што значи да се биде жена. Тоа беше година кога сфатив дека ние жените сме посилни отколку што мислиме, похрабри отколку што верувавме, понезависни отколку што нè учеа да бидеме. Бидејќи која жена во одреден период од животот не се заборавила себеси затоа што го барала вниманието и љубовта од некој друг? Тоа ми се случи повеќе од еднаш“, изјави Шакира во таа прилика.
Како потсетување, Шакира и Жерар Пике беа заедно од 2011 година, а живееа заедно во Барселона цели осум години. Тие имаат две деца – десетгодишниот Милан и осумгодишниот Саша.
Веста за нивното разделување ја споделија во јуни минатата година, со официјално соопштение објавено од нејзината агенција.
„За жал, потврдуваме дека нашите патишта се разделуваат. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, бараме да ја почитувате нашата приватност“, стоеше во нивното соопштение.
Отпосле се дозна дека Пике ја изневерувал Шакира со Клара Чиа Марти уште во 2021 година и дека тоа е главната причина за нивната разделба.
ВИДЕО | Шакира со синовите свири и пее во новиот спот: „Ти ми ја лекуваш болката“