ВИДЕО | Шакира со синовите свири и пее во новиот спот: „Ти ми ја лекуваш болката“

Фото: Instagram/ Shakira

Трикратната добитничка на Греми, Шакира гордо пее и свири на пијано заедно со двата сина во спотот за нејзината нова балада Acrostico, која e посветена на нив, a премиерно беше прикажана во понеделникот.

Во него, 46-годишната пејачка седи на клавир меѓу нејзините синови Саша Пике и Милан Пике, а младите момчиња пејат делови од рефренот: „Ти ми ја лекуваш болката“, Ме правиш да се чувствувам подобро“, „Јас сум тука за се’ што ти треба.

„Оваа година, Милан напиша песни што ме доведоа до солзи од емоции, а Саша минуваше часови на пијано, откривајќи го неговиот талент. Двајцата го споделија тоа со мене во студиото, а откако ја слушнаа оваа песна посветена на нив ме замолија да бидат дел од неа.“, напиша таа на социјалните медиуми.

Во меѓувреме таа и децата се иселуваат од луксузната куќа вредна 5,5 милиони долари, каде таа живееше со поранешниот партнер Жерар Пике. На 8 ноември, поранешната двојка потпиша договор за старателство, со цел да им обезбедат мирен и сигурен живот за своите деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот