ФОТО+ВИДЕО | Непријатна случајност — Пике со децата го следеше настапот на Шакира на Светското првенство, видеото стана вирално
Поранешниот шпански фудбалер Жерар Пике пристигна на финалето на Светското првенство во Њујорк за да ја бодри својата репрезентација, но сосема неочекувано се најде во центарот на еден од најкоментираните моменти на целиот турнир.
Препорачано
Пике беше фотографиран на финалето на Светското првенство на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, каде што на полувремето настапуваше неговата поранешна партнерка Шакира.
Снимките од неговото пристигнување брзо ги преплавија социјалните мрежи, каде што многумина беа изненадени од фактот дека поранешната ѕвезда на Барселона влегуваше на стадионот заедно со илјадници навивачи, наместо низ резервираниот, ВИП влез. Пике беше забележан како се пробива низ огромната толпа навивачи со своите деца.
Gerard Piqué com Milan e Sasha para assistir à final da Copa do Mundo. pic.twitter.com/AxCtIb37cX
— Portal Shakira (@PortalShakira) July 19, 2026
Иако многу обожаватели на Шакира мислеа дека Пике нема да се појави, камерите го снимија пред влезот, а подоцна и на трибините во друштво на синовите што ги има со пејачката – Милан и Саша.
View this post on Instagram
На полувремето на натпреварот се случи првиот музички спектакл во историјата на финалето на светските првенства, а една од главните ѕвезди на програмата беше токму поранешната партнерка на Пике – Шакира.
Кога започна настапот, навивачите на трибините ја снимија реакцијата на поранешниот фудбалер и на децата
Додека Милан и Саша биле одлично расположени и уживале во настапот на својата мајка, Пике задржал сериозен израз на лицето. Ова веднаш предизвика бројни коментари и шеги на негова сметка на социјалните мрежи.
la CARA de pique escuchando cantar a shakira pic.twitter.com/Wcupm1axey
— ؘjuandi (@poxelse) July 19, 2026
„Карма го стигна“, „Шакира засекогаш ќе биде попопуларна од него“ и „Од некои работи едноставно не можеш да избегаш“, се само дел од забележените реакции.
Шакира и на ова првенство беше една од главните музички ѕвезди. Во програмата што траеше 11 минути, таа настапи со Бурна Бој и ја изведе химната на првенството „Dai Dai“. Нејзиниот настап го следеа милијарди гледачи и беше еден од најочекуваните моменти на вечерта.
Освен неа, на полувремето настапија и Мадона, Џастин Бибер и БТС. Програмата пред натпреварот ја водеа Пост Малоун, Роби Вилијамс, Лаура Паусини, Никол Шерцингер и Џенифер Хадсон.
Во финалниот натпревар, шпанската фудбалска репрезентација ја победи Аргентина со 1:0 по продолжението и со тоа по вторпат стана светски шампион.
ВИДЕО | Бронзата за Англичаните, хет-трик на Букајо Сака против Франција
ФОТО | Романтична прошетка на Пике и новата девојка, за која вели дека е „поразбирлива“ од Шакира


