ФОТО | Дури 200.000 кристали заблескаа на импресивниот костим на Шакира за време на финалето на Светското првенство
Шакира приреди спектакуларен настап на првото шоу на полувремето во историјата на финалето на Светското првенство, но покрај музиката, огромно внимание привлече и нејзиниот впечатлив сценски изглед.
Препорачано
Пејачката настапи на стадионот „Њујорк Њу Џерси“ во Ист Радерфорд во специјално изработен костим на модната куќа „Роберто Кавали“, зад кој стои креативниот директор Фаусто Пуљизи.

Главниот дел од сценскиот изглед беше боди украсено со повеќе од 200.000 кристали „Сваровски“, за чие рачно везење биле потребни повеќе од 120 часа работа. Комбинацијата беше дополнета со впечатливо здолниште со реси во златножолти, портокалови и розови нијанси, инспирирани од боите на зајдисонцето.
За Шакира беше создаден и уникатниот дезен „Ray of Sunset“, инспириран од препознатливиот мотив „Ray of Gold“ на „Роберто Кавали“. Целиот костим бил дизајниран така што ќе блеска под стадионските рефлектори и ќе ја следи препознатливата динамична кореографија на пејачката.

Во модната приказна беа вклучени и 34-те танчери кои настапија со Шакира. И тие носеа костими на „Роберто Кавали“ со истиот ексклузивен принт, во две варијанти – комбинација од топ и здолниште или маица без ракави со широки панталони.
За време на 11-минутното шоу, Шакира заедно со Бурна Бој ја изведе официјалната химна на Светското првенство „Dai Dai“. На сцената настапија и Мадона, Би-ти-ес и Џастин Бибер, а програмата ја осмисли фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин.
Финалниот натпревар се одигра меѓу Шпанија и Аргентина, а светската титула ја освои Шпанија со победа од 1:0, освојувајќи го вториот трофеј светски шампион по триумфот во 2010 година.
⚽️🏟️ Watch Shakira performing “Dai Dai” (feat. Burna Boy) during the FIFA World Cup halftime show in New Jersey! pic.twitter.com/Xb96b2twHk
— ShakiraMedia (@ShakiraMedia) July 19, 2026


