Мисли, љубов - Фото: Pexels

Десет знаци дека некој постојано размислува за вас

Откријте дали сте чест гостин во нечии мисли.

Мислите се моќна енергија, она што е во нашите мисли лесно може да се претвори во реалност, а сите ја знаеме изреката „Какви ти се мислите, таков ти е и животот“. Кога размислувате за некого, сигурно сте се запрашале дали таа личност мисли на вас. Секоја мисла има одредени енергетски вибрации, па се верува дека на физичко ниво можете да почувствувате дали личноста за вас мисли позитивно или негативно.

Мисли, љубов – Фото: Pexels

Еве 10 знаци дека некој токму сега мисли на вас:

Појавување во соништата Ако одредена личност ви се појавува во соништата кои најчесто имаат скриено значење, можно е таа да мисли на вас. Проверете го значењето на вашите соништа во соновник и обидете се да се сетите што ви зборува одредената личност во сонот.

Вибрации на телото – Ако чувствувате како телото ви вибрира или ви трпне додека размислувате за некоја личност, можеби таа личност токму сега мисли на вас.

Топли уши – Се верува дека изреката „ми горат ушите“ значи дека некој зборува за вас. Ако ушите изненадно ви поцрвенат или се загреат, се верува дека некој во моментот има убави и позитивни мисли за вас.

Топли образи – Во народот постои верување дека црвените образи значат дека некој ве фали, додека изненадната топлина во образите симболизира критика.

Пронаоѓање пердув – Белиот пердув е симбол на утеха, надеж и ангел чувар, а може да укажува и на тоа дека некој сака да ве заштити и мисли на вас со енергија на љубов.

Пеперутки – Пеперутка која ќе слета на вашата рака или тело укажува на тоа дека саканата личност никако не може да престане да размислува за вас.

Мисли, љубов – Фото: Pexels

Икање – Икањето укажува на тоа дека некој близок зборува за вас или дека во моментот сте му на ум.

Емоции – Ако расположението нагло ви се промени или се појави изненадна тага, можно е вашата потсвест да ви праќа порака дека ви недостасува одредена личност.

Телепатија – Ако ја чувствувате енергијата или мислите на друга личност, можно е таа баш во тој момент да мисли на вас.

Играње на окото – Според верувањето, „играњето“ на левото око зборува дека некој за вас мисли позитивно, додека десното око укажува на спротивното.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот