Фото: EPA/J.J.Guillen

ФОТО+ВИДЕО | Шампионски пречек за шпанските фудбалери во Мадрид

Новите светски шампиони, фудбалерите на Шпанија, беа пречекани во Мадрид, го слават својот втор трофеј како најдобри во светот со своите навивачи.

Пехарот го изнесоа од авионот селекторот Луис де ла Фуенте и капитенот Родри, по што следеше прием од кралското семејство во палатата Зарзуела и премиерот Педро Санчез.

Фудбалерите ќе се возат низ улиците на Мадрид во автобус со отворен кров како што беше планирано, а централниот дел од прославата традиционално се одржува на плоштадот Сибелес, местото каде што Шпанците ги слават своите најголеми спортски успеси.

Репрезентацијата на Шпанија ја победи Аргентина со 1:0 по продолженијата во финалето на Светското првенство 2026.

Фото: EPA/J.J.Guillen
Фото: EPA/Daniel Gonzalez
Фото: EPA/Daniel Gonzalez

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот