Фото: mtftennis.mk

Ѓорческа го заврши настапот во првото коло на турнирот во Палермо

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз на стартот на турнирот што се одржува во Палермо, Италија.

Денеска нашата тенисерка, која е рангирана на 214 место на ВТА листата, загуби во првото коло од Ерика Андреева со 2:0 во сетови.

Андреева беше убедлива на овој меч на патот до победата, го доби првиот сет со 6:2, а во вториот Ѓорческа не успеа да освои ниту еден гем (6:0).

Во следната фаза од турнирот, Андреева ќе игра со победничката од дуелот меѓу Фиона Феро од Франција и Јуфеи Рен од Кина.

Ѓорческа и минатиот понеделник рано го заврши својот настап на уште еден италијански турнир во Рим кога загуби од домашната натпреварувачка Дебора Киеза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот