ВИДЕО | Роби Вилијамс објасни што му излета од устата пред камерите за време на Светското првенство во фудбал
Популарниот британски пејач Роби Вилијамс по својот настап на финалето од Светското фудбалско првенство доживеа мала телевизиска незгода која подоцна, во свој препознатлив стил, ја претвори во одлична шега на сопствен сметка. Имено, 52-годишниот музичар го отвори големото финале со заедничка изведба на песната „Desire“ заедно со Лаура Паузини и Никол Шерзингер, но повеќе од самиот настап, вниманието на јавноста го привлече неговото подоцнежно интервју за германскиот канал „Магента Спорт“, пренесува „Пипл“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
За време на анализата на натпреварот во живо, од устата на пејачот излета мао бело парче кое падна директно на микрофонот, а во обид дискретно да го тргне, си го залепи за челото, што веднаш стана вирален хит и предизвика лавина од шпекулации на социјалните мрежи за тоа што всушност си залепи на неговото лице.
View this post on Instagram
Поради бројните теории на заговор, Вилијамс реши веднаш да им стави крај на озборувањата и се огласи преку видео на својот инстагра-профил каде што најпрво со сериозен тон започна да им се извинува на гледачите за неговата непрофесионалност и за тоа што ги загрижил луѓето.
Веднаш потоа тој почна да се шегува, го исплази јазикот на кој имаше уште две тркалезни бонбони и порача дека сè е во ред бидејќи имал уште неколку резерви во устата, што предизвика воодушевување кај неговите фанови.
View this post on Instagram
Дека не станува збор за ништо сомнително потврдија и британските медиуми, кои објавија изјава од извор близок до пејачот кој појасни дека станува збор за најобична, полуизџвакана „Никорет“ бонбона против пушење и дека Роби, кој е целосно трезен веќе повеќе од две децении, искрено се забавувал по шпекулациите дека користел дрога.


