epa-efe
Роџер Вотерс / Фото EPA-EFE/VICKIE FLORES

ВИДЕО | „Не ме примија во хотели во Аргентина и други земји зашто го критикувам Израел“ — откри основачот на „Пинк флојд“, Вотерс, кај Такер

Еден од основачите на групата „Пинк флојд“, Роџер Вотерс, обвини дека, како што вели, „произраелски лобистички групи организирале меѓународна кампања за да го замолчат поради неговите отворени критики кон Израел и неговите постапки кон Палестинците во Газа“, пишува агенција „Анадолија“.

Во интервју со Такер Карлсон, објавено во петокот, Вотерс изјави дека за време на неговата турнеја во 2023 година не можел да најде хотелско сместување во неколку јужноамерикански земји.

„Не можев да најдам хотел каде да престојувам никаде во Буенос Аирес, ниту во Колумбија, ниту во Еквадор“, рече Вотерс, додавајќи дека имал проблеми и во Монтевидео, Уругвај.

Роџерс тврди дека неговиот тим на крајот успеал да обезбеди сместување за една ноќ во Кито, Еквадор, но тврди дека хотелот морал да го сокрие неговото присуство и да „глуми“ дека тој не бил таму.

Вотерс ги припиша овие инциденти на, како што ги опиша, „високо организирани произраелски лобистички мрежи кои дејствуваат на меѓународно ниво и вршат притисок врз хотели, концертни сали и јавни функционери да ги прекинат врските со него“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Middle East Eye (@middleeasteye)

Музичарот ги наведе и обидите да биде откажан негов концерт во Франкфурт, Германија, како и откажувањето на настап во Краков, Полска, како „примери за професионалните последици“ со кои, според него, се соочил.

„Сакаа да ме откажат затоа што го критикував апартхејдот, геноцидот“, се зборовите на Вотерс.

Тој тврди дека и други уметници и познати јавни личности „молчат за постапките на Израел затоа што стравуваат од слични последици“, како што се откажување на настапи, губење работа и нарушување на нивната репутација.

„Не зборуваат затоа што знаат дека ќе го добијат истиот третман како мене ако ја отворат устата“, рече тој.

Според извештаи од 2023 година, како што пишува агенција „Анадолија“, хотели во Аргентина и Уругвај одбиле резервации за Вотерс поради обвинувањата за антисемитизам упатени кон музичарот. Вотерс постојано ги отфрла овие обвинувања, тврдејќи дека неговото противење е насочено кон политиките на израелската држава, а не кон еврејскиот народ.

Музичарот е еден од најгласните поддржувачи на палестинските права и на движењето „Бојкот, повлекување инвестиции и санкции“ (BDS) во забавната индустрија. Неговите настапи и политички изјави повеќепати предизвикале контроверзии, при што поддржувачите го опишуваат како истакнат антивоен глас, додека критичарите го обвинуваат дека промовира антисемитска симболика и реторика.

Вотерс ги отфрла и овие обвинувања, тврдејќи дека тие се користат за „дискредитирање и задушување на критиките кон Израел“.

Роџер Вотерс со критики кон западните земји: Престанете да го претставувате Израел како жртва!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот