ФОТО | Сидни Свини објави приватни фотографии со 17 години постариот партнер Скутер Браун
По повеќемесечни шпекулации, дебати за нивната разлика во години и силен медиумски интерес, една од најпопуларните млади холивудски актерки Сидни Свини (28) и познатиот музички продуцент Скутер Браун (45) повеќе не ја кријат својата љубов. Атрактивната актерка на својот инстаграм-профил сподели серија приватни фотографии од Австралија, каде што моментално снима нов филмски проект, а меѓу кадри од природните убавини и патувањата, за првпат јавно покажа и детали од нивниот заеднички живот, пренесува „Пипл“.
Препорачано

Меѓу фотографиите посебно внимание привлече онаа на која Браун ја бакнува Свини во образот додека таа се смее, со што парот и официјално ја објави својата романса пред очите на јавноста.

Галеријата прикажува низа заеднички авантури, од адреналински активности со заштитна опрема и лет со хеликоптер сè до гламурозни моменти, а вистински хит на социјалните мрежи стана нивната рекреација на култната сцена од филмот „Титаник“ во која продуцентот ја држи актерката додека таа позира со раширени раце.

По првичните гласини за нивната романса кои започнаа уште во 2025 година, парот се обидуваше да ја зачува приватноста подалеку од љубопитните очи, но оваа последна објава е дефинитивна потврда дека нивната врска повеќе не е тајна и дека уживаат во секој заеднички момент.
View this post on Instagram


