Сидни Свини им одговори на критичарите поради контроверзните сцени во „Еуфорија“: „Тоа се вика глума“
Актерката Сидни Свини повторно се најде во центарот на вниманието поради провокативните сцени во третата сезона на серијата „Еуфорија“ (Euphoria), кои со недели предизвикуваат бурни реакции кај публиката и на социјалните мрежи.
Препорачано
По завршувањето на сезоната, 28-годишната актерка сподели фотографии од снимањето и кратко им одговори на критиките што ги добива поради ликот на Кеси Хауард.
„Тоа се вика… глума“, напиша Свини на Инстаграм.
View this post on Instagram
Во третата сезона нејзиниот лик минува низ низа екстремни ситуации, а токму некои од тие сцени предизвикаа најмногу коментари меѓу гледачите. Сепак, актерката потсети дека и во претходните две сезони Кеси беше дел од подеднакво провокативни приказни, кои беа составен дел од развојот на ликот.
Поддршка за Свини јавно изрази и нејзиниот партнер, музичкиот продуцент Скутер Браун. Извор близок до двојката за „Пејџ сикс“ изјавил дека Браун целосно ја поддржува нејзината работа и нема никакви забелешки за улогите што ги прифаќа.
„Тој разбира дека тоа е дел од нејзината професија и има голема почит кон нејзината посветеност како актерка“, изјавил изворот.
Во неодамнешно гостување во поткаст, Браун откри дека е голем обожавател на новата сезона на серијата, а особено ги пофали актерските изведби.
Во меѓувреме, официјално е потврдено дека третата сезона ќе биде и последна за „Еуфорија“, со што завршува една од најпопуларните и најконтроверзни серии на Ејч-би-о во последните години.


