Германски пратеник даде оставка откако доби дете од сурогат мајка
Претседателот на Христијанско-демократската група во Бундестагот, Јенс Шпан, поднесе оставка поради скандалот со сурогат мајчинството во Соединетите Американски Држави (САД), бидејќи оваа практика е забранета во Германија, објавува Дојче Веле (DW).
Препорачано
Јенс Шпан е еден од многуте германски политичари кои отворено ја покажуваат својата хомосексуална ориентација и живее со Даниел Функе од 2010 година, со кого се оженил во 2017 година.
Едно од 200 германски семејства е со родители од ист пол кои имаат деца
Во средата, во интервју за „Билд“, тој објави дека тој и неговиот сопруг станале родители и дека „Георг е нивната најголема среќа“.
Сурогат мајчинството е практика во која жена го става своето тело на располагање за носење и раѓање дете, а во тој период може да добие паричен надомест, наведува DW. Медиумот додава дека Христијанско-демократската унија (ЦДУ) се спротивставува на оваа практика, што е многу важно прашање за оваа конзервативна владејачка партија.
„Со оглед на етичките, правните и практичните сомнежи поврзани со сурогат мајчинството, ЦДУ на Германија го потврдува своето барање сурогат мајчинството, вклучително и алтруистичките модели, да остане забрането во Германија со цел да се спречат злоупотреба, експлоатација и здравствени ризици“, се наведува во одлуката донесена оваа година на партиската конвенција во Штутгарт.
Поради оваа одлука, Шпан се соочи со повици за оставка, што на крајот и ја поднесе.
„Разликата помеѓу мојата приватна одлука да имам дете преку сурогат мајчинство и разбирливите очекувања што ми беа поставени како претседател на парламентарната група стана поголема отколку што очекував“, наведе тој во своето писмо за оставка.
Коментирајќи ја оставката на Шпан, германскиот канцелар и лидер на партијата, Фридрих Мерц, напиша на социјалната мрежа X дека тоа е „правилна и неизбежна одлука“.
„Кредибилитетот е најважното нешто во политиката“, додаде Мерц.


