Излезе „Културен печат“ број 340 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 340, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (18-19.7.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
Препорачано
– интервју со Ана Пејчинова, авторка на „Пустинско срце“: Постои нешто жилаво во нас што трага по интензитет на постоењето
– разговор со визуелниот уметник Игор Јосифов за перформансот „Тело од оган“: Огнот е јазик на ритуалот
– Интернационалниот етнографски филмски фестивал „Илинденски денови“, што почнува на 18 јули во Битола, ќе прикаже филмови што патуваат низ времето, луѓето и традициите
– антологискиот албум „Македонија“, во изведба на унгарското дуо „Будапесме“, ја пренесува автентичната македонска традиција на унгарската и на светската музичка сцена
– актерскиот бард Бајруш Мјаку со претставата „Татко“ на фестивалот „Охридско лето“ одбележа 53 години уметничка кариера
– Народен театар – Битола на фестивалот „Охридско лето“ премиерно ја изведе претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир во режија на американскиот режисер Џон Блондел
– претставата „Ловецот во ‘ржта“, според Селинџер во режија на Мартин Кочовски, е новата премиера на театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп
– во Музејот на град Скопје, во рамките на 47-то издание на фестивалот „Скопско лето“, се одржа настанот „Трага во времето – 10 години џез-оркестар“
– во издание на „Студентски сервис“ од Скопје деновиве од печат излезе првиот том од десеттомната автобиографска едиција „Белешки и анализи“ на проф. д-р Трајан Гоцевски
– во издание на „Перун Артис“ од печат излезе првиот роман на младиот поет и прозаист Игор Лозаноски насловен „Апостол(с)ки“
– Друштвото на писателите на Македонија го објави списанието „Стожер“ бр. 2 за 2026 година со уводник од Марина Мијаковска.



