Постар Грк/ илустрација - Фото: Рexels/ Barış Karagöz

ВИДЕО | Гркот кој „заборавил да умре“ — му давале само неколку месеци живот, а живеел уште 40 години

Во 1976 година, на 60-годишниот Стаматис Мораитис, кој поголемиот дел од животот го поминал во САД, лекарите му соопштиле страшна дијагноза, терминален рак на белите дробови. Прогнозите биле сурови, му останувале само неколку месеци живот.

Наместо последните денови да ги помине во Америка, тој одлучил да се врати на својот роден остров Икарија во Грција, каде што сакал да биде погребан во семејната гробница. Очекувал таму мирно да го дочека крајот. Но, наместо тоа, живеел уште повеќе од четири децении и стана еден од најпознатите симболи на долговечноста на овој остров, пишува „Грикрепортер“.

Стаматис Мораитис бил роден на Икарија, но како млад човек се преселил во САД во потрага по подобар живот. Таму ја запознал Гркинката Елпиники, со која стапил во брак и добил три деца. За време на Втората светска војна служел и во американската армија.

Проблемите со здравјето започнале во 1976 година, кога почнал да има потешкотии со дишењето. Прво се посомневал дека станува збор за проблеми со срцето, но прегледите покажале дека срцето му е здраво. Наместо тоа, лекарите откриле сериозна болест – рак на белите дробови во последна фаза.

Бидејќи истото мислење го добил од повеќе лекари, Мораитис се нашол пред тешка одлука. Можел да остане во САД и да започне агресивно лекување во близина на своите деца, или да се врати во Грција и последните месеци да ги помине во мир. Тој ја избрал Икарија, а со тоа сакал и да ја избегне скапата погребна церемонија во Америка, оставајќи повеќе средства за сопругата и децата.

Повторното раѓање на Икарија

По долгото патување преку Атлантикот, Мораитис пристигнал на Икарија – остров кој денес е познат како една од светските „сини зони“, односно места каде луѓето живеат значително подолго од просекот.

Во првите денови бил главно врзан за кревет. Но, кога неговите пријатели од детството дознале дека се вратил, почнале редовно да го посетуваат. Седеле со часови, разговарале и пиеле вино, а Мораитис постепено почнал да чувствува дека направил правилен избор.

Поминале шест месеци, а наместо состојбата да му се влоши, се случило нешто неочекувано. Неговото здравје почнало да се подобрува. Станал од кревет, почнал да ја обработува градината, секојдневно да шета низ селото и да посетува локално кафуле каде со пријателите играл друштвени игри.

Месеците се претвориле во години. Симптомите на болеста исчезнале, а неговиот живот продолжил со едноставни секојдневни навики. Ја одржувал градината, изградил уште две соби во домот за да можат децата и внуците од Америка да го посетуваат, уживал во домашна храна, вино и спокоен живот.

Речиси четири децении подоцна, во разговор за „Би-би-си“, тој рекол:

„Не сум лекар, но мислам дека виното помогна.“

Тајната на долговечноста на Икарија

Икарија е едно од најпознатите места во светот каде што луѓето живеат подолго од просекот. Многу жители доживуваат 100 години и повеќе, често со добро здравје и активен начин на живот.

Островот често го нарекуваат и „местото каде што луѓето забораваат да умрат“. Просечниот животен век таму е околу десет години подолг од оној во голем дел од Западна Европа.

Мораитис сметал дека неговата долговечност се должи на природната храна, лековитите билки, домашното вино, секојдневната физичка активност и животот со помалку стрес. Не сакал купечко вино, туку во рестораните носел свое, бидејќи верувал дека индустриските вина содржат премногу конзерванси.

Неговиот начин на живот се совпаѓа со она што го покажуваат и бројни истражувања – животните навики имаат големо влијание врз должината и квалитетот на животот. Стручњаците посочуваат дека жителите на таканаречените „сини зони“ не само што живеат подолго, туку и поретко страдаат од хронични заболувања.

Медитеранската исхрана, богатата со зеленчук, маслиново масло, мешунки и природни намирници, често се наведува како една од причините за доброто здравје на населението во овие региони.

Стаматис Мораитис починал на 2 февруари 2013 година и бил погребан во семејната гробница на Икарија четири дена подоцна. Официјално, имал 98 години, иако самиот тврдел дека имал 102 години, бидејќи не бил сигурен за точната година на своето раѓање.

Најдобрите земји за пензионирање во Европа: Грција на врвот на листата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот