Пулскиот музичар Саша Миловановиќ, познат и како Сале Веруда/Фото: Принтскрин/Јутјуб/ TV Nova News

Претепан познат хрватски пејач во Пула: „Полн сум со модринки и гребнатини, ја нападнаа и мојата сопруга!“

Саша Миловановиќ, познат како Сале Веруда, фронтменот на легендарниот пулски панк бенд „КУД Идијоти“, и неговата сопруга Мартина биле нападнати ноќта помеѓу четврток и петок во центарот на Пула откако предупредиле група момчиња за непримерно однесување и расфрлање ѓубре по улицата.

Полицијата спроведува кривична истрага и трага сторителите, пишува „Вечерњи лист“.

Миловановиќ, кого жителите на Пула го познаваат и по неговиот штанд со плочи и ЦД-а на улицата „Сергијеваца“, раскажала дека инцидентот се случил околу полноќ кога забележал група момчиња како поминуваат низ градот и шутираат картонски кутии и амбалажа пред продавници, пренесува порталот „Истра24“.

„Тоа не е првпат. Јас од штандот заминувам меѓу последните и повеќепати сум видел како минувачите ја расфрлаат уредно наредената амбалажа пред продавниците. Поминуваат дивјаци и ги шутираат кутиите и разните пакувања“, рекол Миловановиќ.

Тој додал дека неговата сопруга Мартина прва ја предупредила групата момчиња да престанат со таквото однесување, по што и тој им се обратил.

„Околу полноќ пред маркетот помина група од правец на Форумот и сè расфрла. Мартина одалеку ги предупреди да престанат. Таа рекла дека е неприфатливо да се доаѓа во странска земја на одмор и  така да однесуваат. Тогаш им се приближив и им реков да престанат или ќе ја повикам полицијата“, раскажал тој.

Наместо да се смират, тврди Миловановиќ, следел физички напад.

„Навистина не очекував таква реакција. Ме нападнаа со раце и нозе. Полн сум со модринки и гребнатини, зглобот ми отече, а маицата ми беше целосно искината. Кога пристигна полицијата, изгледав ужасно. Напаѓачите прво избегаа, а потоа се вратија и повторно нè нападнаа мене и Мартина додека седевме на клупата. Се браневме како што знаевме, а дури кога соседите излегоа од куќите, сторителите избегаа“, рекол тој.

Додал дека не знае кои се напаѓачите, но претпоставува дека станува збор за британски државјани кои биле фрустрирани од поразот на својата репрезентација. Миловановиќ нагласил дека имало пет или шест луѓе, многу покрупни од него.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот