Џенифер Лопез ужива во сицилијанскиот град Таормина заедно со сестра си Линда Лопез и својот тим за обезбедување/Фото: COBRA TEAM / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

ФОТО | Џенифер Лопез прошета во жешко издание на Сицилија и сите се вртат по неа

Џенифер Лопез (56) со полна пареа го започна летото Европа. Откако блесна на Неделата на висока мода во Париз, таа се упати кон понатамошни модни настани на самиот југ од Италија, на Сицилија. И не само што посетува познати европски дестинации, туку и воодушевува со секое свое појавување и модни избори. Па така и сега позирала во смела летна комбинација.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OK! Magazine (@okmagazine)


Пејачката и актерка повторно ги покажа своите затегнати стомачни мускули додека шеташе низ прекрасниот град Таормина во црвено-бел комплет од „Долче и Габана“. Џеј Ло носела краток топ во стил на градник, која ја комбинирала со соодветни тесни панталони во капри стил, кои се вратија на голема врата ова лето.

Очигледно одлучна во таа да се чувствува удобно додека шета низ италијанскиот град, Џеј Ло носела обични златни апостолки, елегантна бела чанта, исто така од „Долче и Габана“, луксузниот бренд поради кој пејачката е на Сицилија. Косата ја врзала во лежерно опавче и целиот стил го заокружила со очила за сонце додека позирала пред видиковецот со поглед на прекрасното море.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Популарната пејачка пристигна на Сицилија како во склоп на неколку вечери организирани од брендот, а таму пристигнаа и бројни други ѕвезди. На пример, пред неколку дена таму се фотографираше со ѕвездата на овогодинешното Светско првенство во фудбал, Норвежанецот Ерлинг Халанд, како и со познатата актерка Моника Белучи, а на еден од настаните Лопез и запеајала за публиката.

 

 

Џеј Ло присуствуваше на ревијата на Алта Мода на „Долче и Габана“ претходно оваа недела во истиот град, каде што привлече внимание носејќи златен фустан без прерамки со шарени детали, украсен со скапоцени камења.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Овој месец таа присуствуваше и на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси во Њујорк, го прослави роденденот во Париз и беше на Неделата на висока мода, а присуствуваше и на финалето на Вимблдон во Лондон.

ФОТО | Како Одри Хепберн — погледнете како изгледала Џенифер Лопез на венчавката на Тејлор Свифт

ФОТО | Џенифер Лопез го маѓепса Париз во „гол“ фустан — беше покриена само со кристали

ФОТО | Модно усогласени — Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се појавија со своите деца на финалето на Вимблдон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот