Трамп бара да им се одземат лиценци на телевизии зашто не пренеле негов говор
Две од трите главни американски телевизиски мрежи, Ен-би-Си и Еј-би-си, како и Си-ен-ен, не го емитуваа вчерашното обраќање на Доналд Трамп во ударниот термин, поради што американскиот претседател изјави дека се вклучиле во заговор и дека треба да им се одземат лиценците, пренесува Политико.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Телевизиите со лажни вести Ен-би-си и Еј-би-си рекоа дека нема да го пренесуваат мојот говор. Таквата измама треба да значи одземање на нивните лиценци“, изјави Трамп.
Експертите што ги исконтактирал Политико велат дека телевизиите, согласно Првиот амандман на американскиот Устав, имаат широко право сами да одлучуваат што ќе емитуваат, но додаваат дека историски гледано ги пренесувале повеќето вакви говори, бидејќи станува збор за информации од јавен интерес.
Во говорот, Трамп декласифицираше разузнавачки информации за кои рече дека покажуваат кинеско мешање во американските избори, и покрај тоа што американските разузнавачки служби не пронашле докази дека Пекинг влијаел врз исходот на изборите во 2020 година.
Трамп со години сее сомнеж во изборниот исход, тврдејќи дека неговиот пораз од Џо Бајден на изборите во 2020 година бил наместен. Исто така, без да понуди докази, тврдеше дека гласањето по пошта е исполнето со изборни измами, дека машините за гласање се подложни на манипулации и дека е широко распространето незаконско гласање од странски државјани.
Телевизијата Си-би-ес го пренесуваше говорот на Трамп, но го прекина преносот по околу 15 минути за да ги демантира неговите тврдења за изборна измама.
Трамп ја обвини Кина за мешање во изборите кои ги изгуби во 2020 година


