Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Измамник прелажал лековерна жена од Неготинско, му дала 50.000 денари за „трошоци за одобрување“

Жена од неготинското село Долни Дисан пријавила дека непознат измамник, со кого контактирала преку социјална мрежа, ѝ однел речиси 50.000 денари, кои таа му ги дала за наводни „трошоци за одобрување“ на кредит.

„На 16.07.2026 во 13:15 часот во ОВР Неготино, 44-годишната жителка во село Долни Дисан, неготинско, пријави дека била измамена за сума од 49.087 денари. Според пријавеното, таа остварила контакт со лице преку социјална мрежа, со цел да подигне кредит и во неколку наврати уплатила пари за наводни трошоци за одобрување, но кредит не добила, по што случајот го пријавила во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот