Мигранти - илустрација / Foto: Patrick Pleul/dpa

Мигрант од Пакистан е пронајден починат во Гевгелиско

Мигрант од Пакистан е пронајден починат во гевгелиското село Мрзенци, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, човекот бил пронајден вчера на местото викано „Мрзенско поле“.

„На 16 јули околу 11:52 часот, мигранти од Пакистан преку мобилен телефон побарале помош, а по пристигнувањето на местото, полициските службеници затекнале тројца мигранти кои не поседувале лични документи, но кажале дека се од Пакистан и едно починато лице, за кое изјавиле дека е на возраст од 36 години и било заедно со нив“ соопшти МВР.

Лекар констатирал смрт кај лицето, без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот мигрант е предадено на обдукција.

Мигрантите се пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“-Гевгелија.

Почина македонски државјанин во притвор во Валона, доживеал срцев удар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот