Лоши вести за обожавателите на Темниот витез — „Бетмен 2“ е повторно одложен, но објавено е првото видео со Роберт Патинсон
Продолжението на големиот хит на Мет Ривс, „Бетмен 2“ (The Batman Part II), повторно е одложено. Наместо претходно најавените датуми, филмот сега официјално ќе пристигне во кината дури на 18 февруари 2028 година, речиси шест години по премиерата на првиот дел во март 2022 година.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
За да го ублажи разочарувањето кај фановите, режисерот Мет Ривс ги објави првите тест-кадри од враќањето на Роберт Патинсон во костимот на Темниот витез.
Покрај Патинсон, во долгоочекуваното продолжение ќе видиме исклучително силна актерска екипа. На филмот се приклучуваат и Скарлет Јохансон, Себастијан Стен, Чарлс Денс (ѕвездата од „Game of Thrones“), Брајан Тајри Хенри, и Себастијан Кох.
Сценариото за вториот дел Ривс го напиша заедно со Метсон Томлин, но деталите за заплетот, како и улогите на новите актерски засилувања и натаму се чуваат во строга тајност.
„Бетмен 2“ првично требаше да излезе на 2 октомври 2026 година, но се одложи за октомври 2027. Новото повторно поместување за 2028 година му дава на Ривс дополнително време во постпродукцијата.
Претседателот на DC Studios, Џејмс Ган, уште при првото одложување застана во одбрана на ваквите одлуки, објаснувајќи дека пауза од 5 или повеќе години е сосема нормална појава кај блокбастерите денес:
„Да бидеме реални, пауза од 5 или повеќе години е прилично честа кај продолженијата. Имаше 7 години меѓу првите два дела на ’Alien‘, 14 години за ’Incredibles‘, 7 години меѓу двата дела на ’Terminator‘, 13 години за ’Avatar‘ и дури 36 години за ’Top Gun‘“, истакна Ган на социјалните мрежи.
Поместувањето на Бетмен предизвика вистински домино-ефект во распоредот на студиото. „The Great Beyond“, мистериозниот нов спектакл на Џеј-Џеј Абрамс со Глен Пауел и Џена Ортега во главните угоди, се одложува од ноември 2026 година за 1 октомври 2027 година. Интересно е што Абрамс самиот ќе ја компонира музиката за овој проект. „Panic Carefully“ пак, новиот филм на Сем Есмаил со Џулија Робертс е одложен за 9 април 2027 година, додека хорор проектот „Revenge of La Llorona“ ќе го пополни слободниот датум на 26 февруари 2027 година.
ФОТО | Први фотографии од новото продолжение на „Бетмен“ — Мет Ривс го покажа зимскиот бетмобил


