Германска инфлуенсерка почина по велосипедска несреќа за време на медениот месец
Германската инфлуенсерка Лаура Викторија Хертиг почина три недели по тешката велосипедска несреќа што ја доживеала за време на медениот месец во Италија, објавија италијанските медиуми, пренесе „Њујорк пост“.
Препорачано
Триесетгодишната Хертиг, која на социјалните мрежи беше позната по објавите од своите патувања, планинарења, велосипедски тури и скијање, настрадала при директен судир со поранешниот италијански олимписки скијач Петер Рунгалдиер.

Несреќата се случила на 23 јуни на пат во близина на планинскиот превој Села, во северниот дел на Италија, само два дена откако таа стапила во брак, што може да се види и од нејзините објави на социјалните мрежи.

Од силината на ударот, велосипедот на Хертиг бил преполовен, а таа паднала на асфалтот и се здобила со тешки повреди опасни по живот.
Екипите на итната помош успеале да ја реанимираат на местото на несреќата, по што била пренесена во болница.
По 19 дена лекување, таа починала во Германија, опкружена со своето семејство и најблиските.
Една од нејзините последни објави беше видео од свадбената церемонија, на кое со сопругот ги изговараат брачните завети во алпски предел, проследено со опис: „Сродна душа за цел живот“.

Петер Рунгалдиер, кој ја претставуваше Италија на Зимските олимписки игри, по несреќата испрати кратко соопштение.
„Ве молам да го почитувате мојот период на болка и потребата од приватност. Моите мисли се со сите што се погодени од оваа трагедија и со нивните семејства. Ве молам за разбирање, бидејќи во овој момент нема да давам интервјуа ниту дополнителни изјави“, порача тој.
Позната мексиканска инфлуенсерка е пронајдена мртва во својот дом


