ФОТО | Плажа на Јадранот итно е затворена по излевање гориво во морето
Околу 50 литри гориво вчера се излеале во морето во словенечкиот град Порторож, поради што привремено е забрането капењето на блиската плажа, а е истакнато црвено знаме како предупредување за посетителите, пренесува „Нова“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според јавниот сервис на Словенија, горивото истекло од едно од пловилата закотвени во пристаништето околу 8:30 часот. Поради ветерот, нафтената дамка почнала да се движи кон плажата Медуза, која веднаш била затворена за капачите.
Роберт Шкроков од Службата за заштита на крајбрежното море при Управата за поморство за Радио Копер изјавил дека нивните екипи веднаш излегле на терен и утврдиле дека станува збор за лесно погонско, односно дизел-гориво, кое најчесто се користи за пловни објекти.
Тој објаснил дека ваквиот вид гориво, кога ќе дојде во допир со морската вода, многу брзо се шири на голема површина. За да се спречи понатамошното ширење на нафтената дамка, околните плажи биле обезбедени со заштитни бариери.
„Имаме среќа што и природата ќе го направи својот дел од работата, бидејќи ова гориво релативно брзо испарува. Очекуваме дека во рок од неколку часа дел од материјата ќе се собере и ќе се згусне, а значителен дел ќе испари. Она што ќе може механички да се отстрани, ќе го отстраниме на тој начин“, изјавил Шкроков.
Тој додал дека ситуацијата е под контрола, но дека на надлежните служби ќе им биде потребно извесно време целосно да го завршат расчистувањето на загадувањето.
На 40 степени без сенка — контроверзна забрана за чадори на плажа во Италија


