Доајенот на македонското актерство, Емил Рубен, денеска го прославува својот 78. роденден
Нашиот истакнат филмски и театарски актер Емил Рубен е роден на 17 јули 1948 година во Скопје. Професионалниот пат го трасира по дипломирањето на катедрата за актерска игра на Академијата за филм и театар во Загреб во 1971 година. Истата година станува дел од ансамблот на Македонскиот народен театар во Скопје, каде што станува како редовен член сè до неговото пензионирање во 2012 година, иако неговата активност на сцената продолжува и во деценијата што следува.
Препорачано
Рани почетоци и филмска кариера
Љубовта кон филмот и глумата кај Рубен се јавува уште во најраното детство. Неговото филмско деби го остварува со улогата со споредната улога во филмот „Тие двајца“ во 1955 година, а во 1957 година да ги игра главните улоги во филмовите „Малиот човек“ и „Бунт на куклите“.
Низ децениите, неговата филмска кариера бележи клучни улоги во култни македонски и југословенски филмови, меѓу кои се издвојуваат главните роли во „Истрел“ (1972), „Наши години“ (1979), „Јазол“ (1985), како и во современите филмски класици „Збогум на 20. век“ (1998), „Бал-кан-кан“ (2005), „Контакт“ (2005), „Трето полувреме“ (2012) и „Балканот не е мртов“ (2013).
Љубовта кон театарот
Иако првиот допир со сцената го има во 1960 година во аматерската училишна претстава „Колибата на чичко Том“, неговиот професионален театарски ангажман официјално започнува во сезоната 1966/67 со улогата во „Случајот во Виши“ од Артур Милер, во режија на Димитар Ќостаров на сцената на МНТ.
Како еден од највпечатливите актери на својата генерација, Емил Рубен остварува богат репертоар соработувајќи со најеминентните режисери во земјава и регионот. Меѓу неговите најзначајни театарски креации на сцената на МНТ се вбројуваат улогите во:
-
„Чорбаџи Теодос“ (1978)
-
„Буре барут“ (1994)
-
„Македонска крвава свадба“ (1995)
-
„Балканот не е мртов“ (2001)
-
„Црнила“ (2005)
-
„Сомнително лице“ (2007)
-
„Вечната куќа“ (2013)
-
„Мајсторот и Маргарита“ (2015)
-
„Сите сме птици“ (2022)
-
„Варвари“ (2025), и многу други.
Признанија за творештвото
За својот исклучителен придонес во развојот на македонската култура и драмска уметност, Емил Рубен е добитник на повеќе значајни награди:
-
2001 – Награда „13 Ноември“ на Град Скопје
-
2007 – Награда за актерско остварување „Петре Прличко“
-
2013 – Награда „Димче Трајковски“ за епизодна улога (за ликот Куче во претставата „Изгубени Германци“)
-
2021 – Награда за животно дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“


