ВИДЕО | „Спејс икс“ го откажа лансирањето на ракетата „Старшип“ во последен момент, моторите не стартуваа
Лансирањето на ракетата „Старшип“ на „Спејс икс“ вчера беше откажано откако моторите на леталото не се активираа, објави „Еј-би-си њуз“.
Препорачано
Тоа требаше да биде првото лансирање на „Спејс икс“ откако компанијата излезе на берза во јуни.
Компанијата работи на утврдување на причината за проблемот.
„Некои од моторите не се вклучија, што предизвика автоматско прекинување на лансирањето. Сега го испуштаме горивото. Следниот обид за лансирање, се надеваме, ќе биде за неколку дена“, изјави Илон Маск по прекинот на лансирањето.
Летот требаше да биде лансиран од базата „Старбејс“ во округот Камерон, во сојузната држава Тексас, и требаше да биде 13-ти за програмата „Старшип“.
Abort!!!!
Scrub for today because the deluge was triggered, that is something they can’t reset quickly enough. pic.twitter.com/DwmKF0HkXN— Scott Manley (@DJSnM) July 16, 2026
Многу работи зависат од успехот на програмата „Старшип“ на „Спејс икс“.
НАСА сака да користи верзија на леталото за да ги испрати астронаутите на површината на Месечината и планира да започне со нејзино тестирање уште следната година во рамките на мисијата „Артемис III“.
Компанијата на Маск, пак, се потпира на „Старшип“ за брзо проширување на својата мрежа „Старлинк“, развој на центри за податоци во вселената и, на крајот, за испраќање луѓе на Марс.
Откако компанијата излезе на берза, потенцијалните проблеми со мисијата не само што би можеле да го одложат амбициозниот план за развој на „Старшип“, туку и да влијаат врз цената на акциите.
Starship Flight 13: T-0 Abort.
Live on X and YT:https://t.co/ekRmg2xswd pic.twitter.com/y9DcVZIV1c
— NSF – NASASpaceflight.com (@NASASpaceflight) July 16, 2026
Чарли Кокс, директор за инженеринг на „Старшип“, претходно изјави дека најновата верзија на ракетата е целосно редизајнирана.
„Оваа ракета е нешто што никој досега не го направил. Верзијата 3 во основа е целосно нов дизајн на леталото. Ги искористивме лекциите од верзиите 1 и 2 и направивме чекор назад за да видиме кои работи навистина беа проблематични, било од аспект на перформанси или сигурност, кај претходните ракети, а потоа директно ги решивме со различни нови дизајни“, рече Кокс.
Бил Рајли, потпретседател за инженеринг на „Старшип“, ја нарече третата верзија „основниот дизајн“ и објасни дека таа ѝ овозможува на компанијата „нови способности потребни за мисиите што следуваат“.
„Тоа ќе биде леталото што ќе ги врати луѓето на Месечината. Тоа ќе биде леталото што ќе ги остави првите човечки стапалки, а потоа и првиот град на Марс“, рече тој.
Цената на акциите на „Спејс икс“ падна под нивото од дебито на берзата


