Трошоци и приходи по семејство. / Фото: Архива на Слободен печат

Менаџерски договор наместо вработување за директорите во осигурителните фирми

Владата предлага измени на Законот за супервизија на осигурување со кои се врши усогласување на законските одредби со Законот за трговските друштва и Законот за работните односи, во делот што се однесува на статусот на членовите на органите на управување во осигурителните друштва.

Со предложеното законско решение се менува членот 23 од Законот, така што досегашниот услов членовите на органот на управување да бидат „во постојан работен однос“ во друштвото се заменува со одредба според која тие ќе бидат во работен однос регулиран со договор за уредување на односите меѓу друштвото и членот на органот на управување, односно менаџерски договор.

Во образложението се наведува дека терминот „постојан работен однос“ не е усогласен со важечките прописи кои ги регулираат правата и обврските на менаџерите. Законот за трговските друштва предвидува односите меѓу друштвото и членовите на управувањето да се уредуваат со посебен договор, додека Законот за работните односи овозможува за деловните лица со договор да се регулираат специфични прашања како работното време, надоместокот, одморите и престанокот на работниот однос. Со измените не се менуваат останатите услови што треба да ги исполнуваат членовите на органите на управување, како што се професионалното искуство, стручните квалификации и ограничувањата поврзани со судски пресуди, судир на интереси и исполнување на законските обврски.

Предлагачот оценува дека измените имаат исклучиво усогласувачки карактер и нема да предизвикаат дополнителни финансиски импликации врз Буџетот на Република Северна Македонија, ниту ќе создадат нови материјални обврски за засегнатите субјекти.

Што покрива, а што не патничкото осигурување?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот