Фото: Принтскрин / Икс/@amronaldo

ВИДЕО | Автобус со ученици се преврте во Уганда, загинаа најмалку 20 деца

Најмалку 20 ученици и еден возрасен вчера загинаа откако автобус со деца кои биле на студиска посета се превртел во Источна Уганда, во една од најсмртоносните сообраќајни несреќи со деца во земјата во последните години, објави „Би-би-си“.

Десетици други луѓе, меѓу кои и вработени во училиштето, биле повредени во несреќата во областа Капчорва.

Првичните истраги покажуваат дека автобусот имал механички дефект пред возачот да изгуби контрола на возилото на ридот Чеквати, дел од патот каде што во минатото се случиле неколку тешки несреќи, соопштија локалните власти.

„Според пријавеното, возачот изгубил контрола над возилото, кое излетало од патот, удрило во голем камен покрај коловозот и се превртело“, соопшти полицијата.

Автобусот кој превезувал ученици од основното училиште „Кинг Дејвид Џуниор“ во Ндеџе, се урнал околу 20:00 часот по локално време во селото Чеквати, во областа Кавово, соопшти полицијата.

„За жал, 20 деца и еден возрасен човек, основачот и директор на училиштето, г. Тадео Секаде, заминаа кај Господ“, напиша на платформата „Икс“ министерот за локална самоуправа Балаам Атенји Баругараха, кој бил на местото на несреќата.

На видеата што ги споделија очевидци се гледа тешко оштетениот автобус, додека локалните жители брзале да им помогнат на повредените деца.

Учениците се враќале од студиска посета, а локалните медиуми објавија дека го посетиле водопадот Сипи, туристичка локација во земјата.

Во Уганда секоја година се регистрираат илјадници жртви во сообраќајни несреќи, а меѓу главните причини, според сообраќајните власти, се пребрзото возење, лошо одржуваните возила и опасните патишта.

Последната несреќа доаѓа во период на зголемена загриженост за безбедноста на училишниот превоз, откако во земјата во последните недели беа пријавени неколку тешки автобуски несреќи.

ВИДЕО | Автобус се преврте во Турција — загина една патничка, 40 се повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот