Пратеници на седница во собрание / Фото: Слободен печат / Драган Митрески
Пратениците не го „рецкаат“ етичкиот кодекс, Собранието стана арена за навреди
Мариела Трајковска
Пред
Процедуралните забелешки на собраниската седница се дел од тактиката на албанските опозициски пратеници да не се донесе законот за правична застапеност, односно како што веќе објави „Слободен печат“, законот да се урне со Бадентер, бидејќи бадентеровото мнозинство го има опозицијата.
Со процедурални забелешки опозициските пратеници од албанскиот блок не дозволуваа да се одложи гласањето за законот за правична застапеност и со тоа не дозволија да продолжи расправата за завршната сметка на буџетот. Опозицијата од македонскиот блок пак, со процедурални забелешки укажуваше дека мора да прекинат навредите кон и меѓу пратениците за да не ни се повторат 27 април и 24 декември, кога јавноста сведочеше на насилен упад во Собранието.
Процедуралните забелешки се дел од тактиката на албанските опозициски пратеници да не се донесе законот за правична застапеност, односно како што веќе објави „Слободен печат“, законот да се урне со Бадентер, бидејќи бадентеровото мнозинство го има опозицијата.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски апелираше пратениците да се однесуваат достоинствено и со дигнитет бидејќи ако продолжи наративот на навреди можно е повторно во Собранието да има немили настани. Спасовски рече дека по немилите настани на седницата за реконструкција на Владата, вчера на Комисијата за финансирање и буџет продолжиле навредите кон пратениците од опозицијата, односно дека пратеничката Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ со недоличен говор ја навредила пратеничката од СДСМ Јована Тренчевска.
Оливер Спасовски Фото: Принтскрин
На комисиската расправа Петкоска ѝ рече на Тренчевска дека „скока како кокошка“.
– Само два аргументи за колешката Јована Тренчевска која скокаше како кокошка – рече Петковска.
Спасовски констатира дека добро ќе беше со денешната седница да претседава претседателот на Собранието Африм Гаши.
– Мислам дека однесувањето на пратеници посебно тие од власта не оди во добра насока. Бевме сведоци на седницата во средата на сите навреди и сè што се случуваше и на вонредните конфренции и координации. Мислам дека сосема погрешно ќе биде ако се продолжи со тој наратив. Пратеничката Јована вчера на комисиска расправа беше навредена од пратеничката Лидија Петкоска. Не се повикувам на кодексот, туку на човечкото однесување. Сите лоши настани во Собранието се случиле како дел од еден ваков наратив. Никому не му е потребно тоа, најмалку на Гаши, да се случат инциденти, особено по вакви ниски говори, говори на омраза. Не знам што ѝ се случува на Македонија. Гаши мора да покаже дека односот во Собранието треба прво да го засегне него и да застане во одбрана на пратениците – рече Спасовски.
Весна Бендевска Фото: Принтскрин
Со констатацијата на Спасовски се согласи потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска која претседаваше со седницата.
– Целосно се согласувам со вашиот повик, сите сме повикани да го зачуваме дигнитетот на пратениците и за ова треба најотворено да разговараме – рече Бендевска.
Албанските опозициски пратеници го бараа Гаши да се појави и тој да претседава со седницата.
– Требаше Гаши да ја води седницата, а не да се крие како кукавица. Тој требаше да биде присутен за да определи ден и час кога да се гласа за законот за правична застапеност. Часот и денот беше вчера, не може да ја запре седницата, што е ова – ќе се гласа кога ќе има услови. Денот е топол, фала богу нема несреќа, пратениците се тука, има кворум и Бадентер. Гласањето на пратеникот е слободно. Што сака Гаши да постигне, дали нè следите со „Сејф сити“ и сакате опозицијата да не е во Собрание и шверцерски да го донесете законот? Ако е така ќе има кривична пријава за злоупотреба на позицијата – предупреди пратеникот и лидер на Албанска лига Зијадин Села.
Азири, Даути,Села Фото: Принтскрин
Координаторката на пратеничката група на ДУИ Рина Ајдари рече дека се загрижени каде е претседателот Гаши.
– Загрижени сме да не му се случило нешто. Одложувањето да се гласа законот е газење на Уставот и Деловникот. Гаши вчера кога виде дека нема бадентерово мнозинство за законот за аудио и аудиовиуелни услуги го пролонгираше гласањето иако имаше кворум. Исто направи и со законот за правична застапеност и рече дека за него ќе се гласа кога ќе се создадат услови. Сакате да го прошверцувате законот, албанската опозиција да излезе и така да го донесете. Вие сами го предложивте законот, ајде да ви помогнеме, да излeземе од сала и да го донесете. Барам од претседавачот со седницата да ни се достават стенограмите од вчерашната седница – рече Ајдари.
Бендевска одговори дека во случај на спреченост на претседателот него го заменува еден од потпретседателите на Собранието.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во насока на смирување на тензиите во Собранието рече дека тоа што се случува деновиве во парламентот треба да го превенираат.
– За седницата во средата тоа што се случуваше сите не го оправдавме. Имаше извинувања, јас тоа го направив, но за вас тоа не беше доволно. На крај се извини и премиерот. Не го одобрувам, ниту оправдувам несреќниот случај во комисијата, но како што сум информирам пред навредата имало вербално дофрлување од страна. Честа и угледот на пратеници зависи од сите нас но тоа не го гледам кај колеги од опозицијата. Сите да работиме на смирување на тензиите во Собранието – рече Мицевски.
Никола Мицевски Фото: Принтскрин
Пратениците дофрлуваа и се надвикуваа од место, а Бендевска ги опоменуваше. Ријад Шаќири од Алијанса за Албанците рече дека кога барале да се тргне од дневен ред изборот на Иван Стоилковиќ за министер, Гаши не го сторил тоа, а дека сега кога бараат да гласаат за законот за правична застапеност претседателот го одложил гласањето.
-Ние сме тука, има кворум сите пратеници се подготвени да се произнесат за законот. Сите правни можности за законот се создадени – рече Шаќири.
Бендевска, пак, повикувајќи се на членот 170 од Деловникот кажа дека претседателот може да ја заврши расправата и законот дополнително да го стави на гласање и дека ако имаат забелешки тогаш тоа да се разјасни на Комисијата за деловнички прашања.
Рина Ајдари го предупреди мнозинството дека повеќе нема да ги толерираат.
– Загрижени сме за Гаши дали е добар со здравјето, нешто да не му се случило. По 13 јули ништо повеќе во Собранието нема да е исто. Нема повеќе да ве толерираме и да ја толерираме вашата агенда. Не чекајте да го прошверцувате законот бидејќи прочитани сте. Тргнете раце од стратегиите кои ги плетете оти нема да ви успее. Законот ставете го на гласање – рече Ајдари.
Али Ахмети, Рина Ајдари Фото: Принтскрин
Додека таа зборуваше за „загриженоста“ за Гаши, лидерот на ДУИ Али Ахмети се смееше.
Бендевска пак, додаде дека пријатно е изненадена колку опозицијата е загрижена за претседателот на Собранието и кажа дека тоа ќе му го пренесе. Таа ја уверуваше опозицијата дека немаат намера да го прошверцуваат законот и дека сите пратеници ќе бидат известени кога ќе биде закажано гласањето за него.
Елми Азири од Албанска лига рече дека се исполнети критериумите да гласаат за законот.
-Не може закон кој извира од Рамковниот договор да го третирате како „палома“ како лист хартија. Вие ја водите седницата, определете час и ден кога ќе се гласа законот – рече Азири.
Бендевска укажа дека законот не е тргнат од седница туку дека за него дополнитечно ќе се гласа. Таа рече дека притисокот на опозицијата нема да го смени нејзиното уверување дека работи според Деловникот.
-Прашајте го талат Џафери колку седници останале незатворени. Нема да ми извршите притисок. Вашето право на процедурални барања ќе го почитувам. Јасна е вашата намера и на мене и на целата јавност. Џафери да не дофрла од место – рече Бендевска.
Елми Азири од Албанска лига и укажа на Бендевска да го „смири“ пратеникот Џафери.
-Смирете го Талат оти не можам да земам збор. Секој понеделник има координација на која се дисутира за седниците кои ќе бидат во текот на неделата. Пратениците не се информирани дали неделава ќе се гласа законот. Намаерата е да се гази Деловникот. Има арбитрарни одлуки од тие што го предводат Собранието. Владата сакала да го помине законот, но немате Бадентер и не може да го поминете – рече Азири.
Бендевска во ист дух возврати и му се заблагодари на пратеникот дека ѝ помогнал да го смират Џафери., додека тој продолжи да довикува од место.
Снопче потсети дека неодамна донеле етички кодекс но дека не поминала ни една недела а пратениците и владата го прекршиле.
Халил Снопче Фото: Принтскрин
-Слушнавме закакани од премиерот што не доликуваат, пцовки од минитер и никој не побара извинување иако Гаши вети дека ќе има извинување. Значи од етичкиот кодекс немаме ништо – рече Снопче.
Пратениците од албанската опозиција инсистираа да се определи час и датум кога ќе се гласа законот за правична застапеност.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Голема измама со брзи кредити, скоро 40 луѓе се дел од истрагата 2 ВИДЕО | Боби Андонов повторно пее на македонски – новата песна „Момент“ е инспирирана од неговата сопруга 3 Сериски крадец …
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Голема измама со брзи кредити, скоро 40 луѓе се дел од истрагата 2 ВИДЕО | Боби Андонов повторно пее на македонски – новата песна „Момент“ е инспирирана од неговата сопруга 3 Сериски крадец …