Оливер Спасовски Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Пратеничката Петковска: Само два аргумента за Јована која скока како кокошка

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски на денешната пленарна седница повторно апелираше пратениците да се однесуваат достоинствено и со дигнитет бидејќи ако продолжи наративот на навреди можно е повторно во Собранието да има немили настани. Спасовски рече дека по немилите настани на седницата за реконструкција на Владата, вчера на Комисијата за финансирање и буџет продолжиле наврдите кон пратениците од опозицијата, односно дека пратеничката Лидија Петковска со недоличен говор ја навредила пратеничката од СДСМ Јована Тренчевска.

На комисиската расправа Петковска ѝ рече на Тренчевска дека „скока како кокошка“.

-Само два аргументи за колешката Јована Тренчевска која скокаше како кокошка – рече Петковска.

Спасовски констатира дек добро ќе беше со денешната седница да претседава претседателот на Собранието Африм Гаши да беше тука.

-Мислам дека однесувањето на пратеници посебно тие од власта не оди во добра насока. Бевме сведоци на седницата во средата на сите навреди и се што се случуваше и на вонредните конфренции и координации. Мислам дека сосема погрешно ќе биде ако се продолжи со тој наратив. Пратеничката Јована вчера на комисиска расправа беше навредена од пратеничката Лидија Петковска. Не се повикувам на кодексот, туку на човечкото однесување. Сите лоши настани во Собрание се случиле како дел од еден ваков наратив. Никому не му е потребно тоа, најмалку на Гаши, да се случат инциденти, особемо по вакви ниски говори, говори на омраза. Не знам што и се случува на Македонија. Гаши мора да покаже дека односот во Собранието треба прво да го засегне него и да застане во одбрана на пратениците – рече Спасовски.

Со констатацијата на Спасовски се согласи потпретседателката на Собранието Весна Бендевска која претседава со седницата.

-Целосно се согласувам со вашиот повик, сите сме повикани да го зачуваме дигнитетот на пратениците и з аова треба најотворено да разговараме – рече Бендевска.

Собраниската седница никако да почне бидејќи пратениците од опозицијата со процедурални забелешки инсистираат денеска да се гласа за законот за правична застапеност за кој, вчера, претседателот на Собранието Гаши најави дека ќе биде ставен на гласање кога ќе се создадат услови за тоа. Законот е ствен на чекање бидејќи власта нема Бадентерово мнозинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот