ВИДЕО | Редок феномен на Јадранот ги изненади туристите — морето се повлече и ги остави бродовите на суво
Силно невреме синоќа го погоди отвореното море на северниот и дел од централниот Јадран. Необична природна појава, позната како метеоцунами, е забележана на повеќе локации долж хрватското крајбрежје по силното невреме на јадранското крајбрежје. Една од најизразените промени е регистрирана во Стари Град на островот Хвар, пренесуваат хрватските медиуми.
Препорачано
View this post on Instagram
Во исто време, имаше бранови на целиот архипелаг Задар. Задарските пожарникари имаа десет интервенции поради паѓање град и дрвја, а една едрилица се преврте на самиот брег, објави „Далмација Данас“.
Силно невреме ја погоди Словенија — возачите се криеја под надвозници и во тунели
Нагли промени на нивото на морето се регистрирани во многу области – морето прво се излеа на брегот во Пула, а истиот феномен беше регистриран и на долните делови од брегот во Задар.
Околу 23 часот, плима од повеќе од 30 сантиметри го погоди Стари Град, а потоа морето одеднаш се спушти на околу 60 сантиметри под нормалното ниво, поради што многу бродови останале на суво.
„Туристите кои веројатно го гледаа овој феномен за првпат беа најизненадени. Морето беше до колена за некои и тие бегаа од налетот на морето. Потоа следеше осека каде што бродовите го допреа морското дно. Секако многу интересно за срцето на летото“, ркол читател на „Далмација Данас“.
Каков феномен е тоа?
Овој феномен се нарекува и метеоцунами во последните петнаесет години и е предизвикан од микропромени во воздушниот притисок што предизвикуваат осцилации на нивото на морето што најмногу се чувствуваат во издолжени и плитки заливи, особено ако се свртени кон правецот на пристигнувањето на бранот, како што е случајот во Стари Град.


