Фото: Фејсбук - Пивара Скопје

ВИДЕО | Coca-Cola HBC и Caffè Vergnano (партнерство со мисија): Среќата е во малите работи, како шолјичка еспресо

Тимовите за кафе на групацијата „Coca-Cola HBC“ и „Caffè Vergnano“ ни ја овозможија посетата на Каролина Верњано, главна извршна директорка на „Caffè Vergnano“ 1882 и четврта генерација од семејството што стои зад еден од најпрепознатливите италијански брендови на кафе.

Таа посети локации во Скопје каде што консументите секојдневно уживаат во „Caffè Vergnano“, одржа мастер-клас со партнерите на „Пивара Скопје“ и водеше инспиративни разговори со млади и со жени претприемачи.

„Тоа што сум единствена жена во семејството Верњано која ја води компанијата е огромна одговорност. Кафето е семејна страст, но за мене тоа е скапоцен подарок што си го дарувам секој ден“, вели Каролина Верњано.

 

 

„Ние сме горда италијанска компанија со повеќе од 140-годишна традиција во која 75% од работната сила ја сочинуваат жени. Бидејќи сум мајка, жена претприемач, чувствував одговорност да придонесам, па така во 2018 година го започнавме проектот „розова шолјичка“ за собирање средства наменети за поддршка, еднакви можности и економско зајакнување на жените во индустријата за кафе преку асоцијацијата „Women in Coffee“.

Пренесувајќи ја оваа силна порака на локално тло, „Пивара Скопје“, ја спроведе иницијативата „Направи мал гест со големо значење“ заедно со партнерските угостителски објекти каде што за секоја продадена шолјичка „Caffè Vergnano“ донираа средства во интервентниот фонд за поддршка на жените жртви на семејно насилство и нивните деца, формиран од страна на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. „Секоја шолјичка испиено кафе директно придонесува во поддршката таму каде што е најпотребна.

„За Coca-Cola HBC и Пивара Скопје, кафето како посебна категорија има многу важна улога во нашата визија да бидеме 24/7 партнер за пијалаци. Со воведување на кафето успеавме да влеземе во оние посебни моменти на нашите консументи“ , вели Снежана Савиќ Димовска, директорка за корпоративни работи и одржливост во Пивара Скопје.

Каролина Верњано додека го пие своето еспресо ни порачува: „Успехот не е лесен, не е игра на среќа. Јас не верувам во големи соништа. Верувам дека среќата е во малите работи“

 

(Спонзорирана објава)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот