Хавиер Бардем / Фото: Скриншот/ТикТок

ВИДЕО | „Постоењето е отпор“: Хавиер Бардем развеа палестинско знаме на натпреварот Шпанија – Франција

Шпанскиот актер Хавиер Бардем ја искористи атмосферата на натпреварот меѓу Шпанија и Франција на Светското првенство за јавно да ја изрази својата поддршка за Палестина.

За време на натпреварот, еден навивач му подал палестинско знаме, кое Бардем го прифатил и го развеал на трибините пред телевизиските камери. Притоа упатил кратка порака: „Постоењето е отпор. Шпанија стои со Палестина“.

Снимката од моментот брзо се прошири на социјалните мрежи. Голем дел од корисниците ја поздравија неговата постапка, оставајќи коментари со поддршка за актерот.

@aljazeeraenglish ‘Existence is resistance.’ Spain’s Oscar-winning actor Javier Bardem had a message for Palestinians as he raised Palestine’s flag during Spain’s 2-0 win over France at the World Cup semi finals in Texas. #Spain #FIFAWorldCup ♬ original sound – Al Jazeera English


Ова не е првпат Бардем јавно да зборува за војната во Газа и да ја изрази својата поддршка за Палестинците. На годинашниот Кански филмски фестивал, запрашан дали стравува дека неговите политички ставови би можеле да имаат последици врз неговата кариера, актерот одговори дека не сака стравот да го спречи да го каже своето мислење.

„Секако дека постои страв, но мора да направите нешто и кога се плашите. Човек треба да може да се погледне во огледало, во сопствените очи. Така сум воспитан. Нема резервен план. Тоа носи последици, а јас сум целосно подготвен да ги прифатам“, изјави Бардем.

Актерот и претходно повеќепати јавно повикуваше на прекин на насилството во Газа и отворено зборуваше за страдањата на цивилното население.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Франција падна пред шпанската армада – „црвената фурија“ оди по светската круна!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот