ФОТО + ВИДЕО | Кара Делевињ позираше без долна облека за „Плејбој“: „Никогаш не сум се чувствувала поудобно во сопственото тело“
Американската манекенка Кара Делевињ се најде на насловната страница на најновото издание на списанието „Плејбој“, каде позира без долна облека. Нејзиниот провокативен изглед предизвика бројни реакции и коментари на социјалните мрежи, пренесува „Пипл“.
Препорачано
За фотографирањето носеше само црн корсет изработен од латекс, чија вредност изнесува речиси две илјади долари, додека интимните делови од телото ги покри со раката. Со ова издание, Делевињ стана првата лезбејка што се појавила на насловната страница на „Плејбој“.
Cara Delevingne has done Playboy.
Cara is an absolute icon 😮 pic.twitter.com/PBhpaPpEhZ
— Pinnacle Trends (@PinnacleTrends) July 14, 2026
Во разговор со писателката Отеса Мошфег таа отворено зборуваше за периодот на откажување од алкохол и други зависности, за љубовта, но и за својот однос кон голотијата. Истакна дека на снимањето работела со екипа составена претежно од жени и дека токму тоа ѝ помогнало да го почувствува целиот процес на поинаков начин.
cara delevingne by zoey grossman for playboy pic.twitter.com/r7kmIjVnRG
— ˖᯽ ݁˖ pop backup ˖᯽ ݁˖ (@popbackupp) July 14, 2026
„Секако, „Плејбој“ во голема мера е хетеросексуална институција. Затоа ова ми изгледаше како чин на пркос и бунт, а да се работи со извонреден креативен тим предводен од жени, од кои многу се припаднички на квир-заедницата, беше навистина забавно и поинакво“, изјави Кара Делевињ.
View this post on Instagram
Фотографиите ги направи Зои Гросман, додека за изгледот и стајлингот беше задолжена Лана Џеј Леки. На дел од фотографиите манекенката позира и со налепници поставени преку градите.
„И претходно сум позирала гола за снимања и сум се соблекувала во филмови. Но секогаш се чувствував малку одвратно кога тоа го правев за некој друг. Секако, тоа беше моја одлука и јас се согласував, но никогаш немав чувство дека тоа ме прави посилна. Никогаш не сум се чувствувала поудобно во сопственото тело“, изјави таа.
Делевињ додаде дека смета оти сега се наоѓа во најдобриот период од својот живот. Новото издание на списанието ќе биде пуштено во продажба на 28 јули.
Кара Делевињ за зависноста: Продавав дрога, тоа што ќе останеше го користев сама


