ФОТО | Маријана и Росана му го честитаа 89. роденден на својот татко Томче: „Уште толку многу да си ни здрав и жив“
Македонската пејачка Маријана Новачевска сподели емотивна објава по повод 89. роденден на нејзиниот татко Томислав и објави три семејни фотографии од прославата во домашна атмосфера.
Препорачано
„Бројката 89 е големка и уште толку многу да си ни здрав, жив, татичко наш. Среќен роденден, Томчико наш“, напиша Маријана.
На фотографиите може да се видат сестрите Маријана Новачевска и Росана Сариќ-Тодоровска покрај својот татко, како и нивните родители, Томислав и Гордана Сариќ. Дел од семејната прослава бил и актерот Ѓорѓи Тодоровски – Трупче, сопруг на Росана, кој наздравил со својот тест за неговиот роденден.
Да потсетиме, Росана и Маријана ја започнаа музичката кариера како дует „Маријана и Росана“, а по преселбата на Маријана во Австралија, Росана успешно продолжи со солистичка кариера и стана едно од најпознатите имиња на македонската фолк-сцена.
Нивната мајка Гордана во младоста била прогласена за Мис на Куманово, но наместо да продолжи по патот на манекенството, се посветила на семејството. Во едно интервју Росана откри дека нејзината мајка се откажала од своите амбиции за да им се посвети на децата – Маријана, Росана и нивниот покоен брат Мирослав. Токму затоа, семејните собири и заедничките моменти, каков што беше и прославата на 89. роденден на Томислав, имаат посебно значење за семејството Сариќ.


