ФОТО | „Сензационална“: Најубавата албанска водителка го „запали“ интернетот со фотографии во бикини
Албанската водителка Ева Мурати (31), која британските медиуми често ја нарекуваат албанската Лаура Вудс, повторно го привлече вниманието на своите 1,4 милиони следбеници на Инстаграм. Таа објави фотографии од својот одмор на кои позира во бикини, а коментарите брзо почнаа да се нижат.
Препорачано
Инаку, Лаура Вудс е позната британска спортска новинарка и телевизијска водителка која работи за престижни медиумски куќи како ИТВ, Амазон прајм видео и ТНТ спортс, покривајќи ги најважните фудбалски настани, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.
Ева Мурати, која во Албанија ги следи и води емисиите посветени на Лигата на шампионите, се фотографирала на почетокот на јули во текот на одморот покрај море. Откако ги објавила глетите од плажата, следбениците ѝ упатиле бројни комплименти во коментарите.
View this post on Instagram
„Божествено убава Ева“, напишал еден следбеник. Други ѝ порачале: „Божица“, „Сензационално“ и „Совршенство“, додека еден корисник додал: „Секој ден си сè поубава“.
На почетокот на јуни, Мурати престојувала во хрватскиот град Задар, каде што учествувала на фестивалот „Сансет спортс“. Таму се појавила во црн фустан со длабоко деколте, а потоа останала уште неколку дена да се одмори на хрватскиот брег.
View this post on Instagram
Во текот на одморот со пријателите, Мурати позирала во дрес на Хајдук на кој биле напишани нејзиното презиме и број 5. Фотографиите во дресот на Хајдук ги објавила заедно со глетките од Задар, од плажата, базенот и велнесот.
Мурати со години води емисии посветени на Лигата на шампионите на албанската телевизија, а фудбал следи и кога не работи. Водителката во мај била во Будимпешта на финалето на Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Пари Сен Жермен.
View this post on Instagram
Албанија не се квалификуваше за Светското првенство, па Мурати не можеше да ја придружува својата репрезентација таму. Сепак, таа продолжила да ги следи најголемите фудбалски настани, а глетки од патувањата и натпреварите редовно споделува со своите следбеници.
View this post on Instagram
ФОТО | Шокантна исповед: Спиев со Мадона, а Витни шмркаше кокаин на денот на нашата венчавка


