ФОТО | Шокантна исповед: Спиев со Мадона, а Витни шмркаше кокаин на денот на нашата венчавка

Фото: Профимедиа/Инстаграм

Американскиот пејач Боби Браун во новиот документарен филм за кој зборува целиот свет признал дека долго време бил вљубен во пејачката Џенет Џексон и признал дека дрогата го извлекла најлошото од него и неговата поранешна сопруга, Витни Хјустон.

Пред Браун воопшто да ја запознае Витни, бил многу заинтересиран за Џенет Џексон.

„Што ме привлекуваше кај Џенет? Сè. Нејзината насмевка, телото, танцувачките движења“, вели Браун во својот нов документарец „Биографија: Боби Браун“ (Biography: Bobby Brown).

Фото: Профимедиа

„Го сакавме меѓусебното друштво“, вели пејачот, но додава дека нивната романтична врска не траела долго.

Ар-ен-би пејачот верува дека не успеале како пар бидејќи тој повеќе бил „момче од маалото“ отколку холивудско лице.

„Џенет и јас раскинавме затоа што таа не можеше да биде со маж како мене. Јас бев момче од маалото, а нејзиниот татко (Џо Џексон) не дозволуваше да биде со некој како мене“, вели 53-годишниот пејач.

Браун кој признава во својот нов документарец дека бил зависник од секс, исто така, открива дека бил во романтична врска со кралицата на поп-музиката, Мадона.

– Дали спиев со Мадона? Немаше спиење. Едноставно се случи. Не знам ни како се случи. Таа веројатно знае – вели Браун.

Фото: Профимедиа

Сепак, љубовта помеѓу Браун и починатата пејачка Витни Хјустон била поголема. Како што тврди, тоа било љубов на прв поглед кога се запознале зад сцената на „Soul Train Music Awards“ во 1989 година.

„Сексуалниот живот ни беше прилично интензивен. Не беше важно каде сме“, вели тој.

„Имаше нешто во нејзините очи поради кое се топев одвнатре. Токму начинот на кој ме гледаше од првиот до последниот ден кога бевме заедно. Секогаш беше посебно“, вели Браун, истакнувајќи дека Хјустон била љубовта на неговиот живот и најљубезната и најслатката личност која ја познавал.

Сепак, на денот на нивната венчавка на 18 јули 1992 година, пејачот потполно се шокирал кога ја видел другата страна на славната Хјустон.

„Влегов и видов како повлекува линија кокаин“, открил Браун и додал: „Сè уште би биле заедно да не беше дрогата. Дрогата нè победи“.

Боби и Витни беа во брак 15 години и ја добија ќерката Боби Кристина, која почина на 23 години од предозирање, исто како и нејзината мајка.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот