Ана Ивановиќ во Берлин во 2021 година/Фото: Defrance / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

ВИДЕО | „Среќна сум поради одлуката што ја донесов“: прво интервју на Ана Ивановиќ по разводот од Швајнштајгер

Поранешната најдобра тенисерка на светот, Ана Ивановиќ, проговори за животот по завршувањето на кариерата, мајчинството и одлуката да се повлече од професионалниот спорт.

Во разговорот со новиот тренер на хрватската фудбалска репрезентација, Славен Билиќ, во емисијата „(Не)успех на шампионите“, Ивановиќ открила дека денес живее во Палма де Мајорка, Шпанија, каде што купила куќа во 2008 година.

„Да, децата одат на училиште, јас живеам тука. Купив куќа во 2008 година додека сè уште играв тенис и ова стана мој дом“, рекла Ивановиќ.

Поранешната освојувачка на Ролан Гарос истакнала дека ужива во семејниот живот и растењето на своите синови, кои ги има од бракот со поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер, со кого неодамна се разведе.

„Тука е многу помирно, поминуваме многу време надвор. Времето е убаво во текот на целата година, имам три сина, животот е активен и полесно е со нив да се биде надвор и да се дружиме. Училиштата се одлични“, рекла Ивановиќ.

Зборувајќи за секојдневниот живот, таа призна дека нема многу слободно време.

„Немам многу слободно време. Понекогаш имам слободни викенди и тогаш ги го користам за себе и за пријателите. Сакам да патувам, иако цел живот сум на пат. Уживам во мајчинството, тоа е она што го сакав и тоа ми е приоритет. Секако, тука е и работата. Цел живот сум навикната на структура и работа и сакам нови предизвици“, рекла таа.

Ивановиќ се осврнала и на одлуката во 2016 да ја заврши професионалната кариера.

„Не беше лесен чекор, не беше лесно да се напушти тенисот. Тоа е мојот живот од петгодишна возраст, мојата прва љубов и нешто во што бев многу добра. Сепак, имав чувство дека тоа е вистинскиот момент за мене. Сакав да тргнам по друг пат. Не можам да кажам дека тенисот не ми недостасува – ми недостасуваат турнирите, натпреварувањето и тој адреналин, но не жалам поради мојата одлука. Среќна сум што сум тука денес“, порачала Ивановиќ.

Поранешната тенисерка број еден во светот го освои Ролан Гарос во 2008 година, а истата сезона стаса и до врвот на ВТА листата. Професионална кариера ја заврши на крајот од 2016 година.

ФОТО | Белград, Париз, спектаклот на Лејди Гага! Ана Ивановиќ максимално ужива по разводот од Швајнштајгер

ФОТО | Прв Божиќ по разводот со Бастијан: Ана Ивановиќ покажа како го дочекува празникот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот