Ана Ивановиќ/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Прв Божиќ по разводот со Бастијан: Ана Ивановиќ покажа како го дочекува празникот

Ана Ивановиќ ја завршува оваа година во нова емотивна состојба откако јавноста беше шокирана од информацијата дека таа и поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер се разведуваат. За време на бракот, тие ги почитуваа сите празници, а српската тенисерка очигледно продолжи со оваа традиција дури и по распадот на бракот.

Имено, на сите им се допаднало тоа што во семејството на Бастијан и Ана се славел и католички и православен Божиќ, а децата биле воспитани да ги почитуваат двете религии. Сега, по разводот, Ана продолжила со оваа традиција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

Таа објави фтографии на својот Инстаграм од прекрасно украсена елка, каде држи подарок во рака, и им посакува на своите следбеници среќен Божиќ.

„Среќен Божиќ на сите што слават денес“, напиша Ана на својата објава на Инстаграм.

Ивановиќ блесна во долг црн фустан кој го истакна нејзиното совршено тело, а се чини дека никогаш не била поженствена и позадоволна отколку во периодот кога повторно остана сама. Ана го поминува овој животен период со достоинство, и се чини дека тоа ѝ донесе сосема ново поглавје.

А, во речиси исто време со Ана и Бастијан, објави празнична честитка на својот инстаграм-профил. Како што може да се види, тој е на планината неколку дена со својот брат и татко, каде што уживаат во семејна идила. Поранешниот фудбалер објави селфи пред новогодишната елка и им го честита Божиќ на своите следбеници.

ФОТО | Белград, Париз, спектаклот на Лејди Гага! Ана Ивановиќ максимално ужива по разводот од Швајнштајгер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот