Фото: Профимедиа

„Проклетството на Дрејк“ продолжува — се обложи на Аргентина и загуби 1,5 милиони долари

Канадскиот рапер Дрејк повторно остана со празни раце поради своите спортски облози. Тој вложил 1,5 милиони долари дека Аргентина ќе ја победи Шпанија во финалето на Светското првенство во регуларните 90 минути, но поразот од 1:0 значеше и голема финансиска загуба за музичката ѕвезда, пишува „Тајмс оф Индија“.

Неговата објава непосредно пред натпреварот повторно ги разгоре приказните за таканареченото „проклетство на Дрејк“, според кое спортистите и екипите што јавно ги поддржува или на кои се обложува, најчесто губат.

Поради поразот на Аргентина, Дрејк не само што го загуби влогот од 1,5 милиони долари, туку остана и без можната добивка од 5,1 милион долари.

Ова не е првпат раперот да загуби голема сума поради спортски обложувања. Во февруари годинава, според медиумските извештаи, изгубил еден милион долари откако се обложил на победа на Њу Ингланд Патриотс против Сиетл Сихокс во финалето на шампионатот во американски фудбал.

Дополнителни 300.000 долари загубил и поради облогот дека Јаник Синер ќе го совлада Карлос Алкараз на Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави во тенис. Во изминатите години, Дрејк има забележано повеќе скапи промашувања во различни спортови.

Иако Аргентина во 2022 година ја освои светската титула во Катар, тоа не значеше и добивка за Дрејк. Според „Њујорк пост“, тој тогаш се обложил дека Аргентина ќе победи во регуларниот дел од натпреварот, но финалето против Франција беше решено дури по продолженија и изведување пенали. Поради тоа, неговиот облог беше неуспешен.

Четири години подоцна, Дрејк повторно ја избра Аргентина, но и овојпат остана без добивка, откако Шпанија славеше со 1:0 во финалето на Светското првенство.

Историски успех за Дрејк — го надмина Мајкл Џексон и сруши рекорд стар повеќе од 30 години

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот