Илустративна фотографија за љубовен пар / Фото: Profimedia

Доволни се само четири минути за да знаете дали има хемија на првиот состанок

Без разлика колку време сте потрошиле избирајќи облека, смислувајќи теми за разговор или подготвувајќи се за првиот состанок, исходот најчесто се одлучува многу побрзо отколку што мислите. Според експертите за љубовни односи, првите неколку минути се клучни за тоа дали меѓу две личности ќе се појави вистинска хемија, пишпува „Индекс“.

Првите минути откриваат многу повеќе отколку што мислиме

Како што објаснува Џехан Раџендра, основач на апликацијата за запознавање „Аџилис“, повеќето луѓе несвесно проценуваат дали чувствуваат привлечност уште во првите четири минути од средбата.

Во тој краток период, без да бидат свесни за тоа, луѓето испраќаат бројни невербални сигнали – контактот со очи, положбата на телото, насмевката, начинот на кој седат и дали се наведнуваат кон соговорникот или, пак, држат дистанца.

„Во тие први минути потсвесно обработуваме огромна количина информации. Важно е дали разговорот тече природно, дали се чувствувате опуштено и како ги читате невербалните сигнали на другата личност“, објаснува Раџендра.

Разговорот не треба да биде на сила

Според него, еден од најважните показатели за заемна привлечност е начинот на кој се развива разговорот.

Доколку само едната личност постојано поставува прашања и се обидува да ја одржи комуникацијата, тоа најчесто е знак дека недостига вистинска поврзаност.

„Вистинската хемија подразбира природна размена. Ако мора постојано да го форсирате разговорот, веројатно нема подлабока поврзаност“, вели тој.

Ако разговорот почне да запнува уште во првите неколку минути, шансите за втор состанок значително се намалуваат.

Искрената смеа е еден од најдобрите знаци

Раџендра смета дека искрената смеа уште на почетокот од средбата е еден од најсилните показатели дека две личности се разбираат.

„Не станува збор за однапред подготвени шеги или глумење. Ако двајцата спонтано се смеат на исти работи, тоа покажува дека функционираат на слична бранова должина“, објаснува тој.

Истражувањето го потврдува првиот впечаток

Неговите тврдења ги потврдува и научно истражување објавено во 2022 година во списанието „Зборник на трудови на Националната академија на науките“, кое анализирало податоци од 6.600 брзи состаноци.

Истражувачите утврдиле дека впечатокот создаден во првите три до четири минути е сигурен показател дали двете личности ќе посакаат повторно да се видат.

Еден од авторите на студијата, Александар Бакстер од Универзитетот во Калифорнија – Дејвис, истакнал дека најголемо изненадување било тоа што пресудна не била објективната физичка привлечност, туку специфичната заемна компатибилност меѓу две личности.

Според Раџендра, првите четири минути не се доволни за да се процени дали некоја врска ќе биде успешна, но се сосема доволни за да се почувствува дали постои почетна искра врз која вреди да се гради понатамошно запознавање.

Што да (не) правите на прв состанок, според науката

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот