Љубовен пар / Фото: Pixel-shot / Alamy / Alamy / Profimedia

Што да (не) правите на прв состанок, според науката

Првиот состанок за многумина претставува вистински тест за тоа дали една врска има потенцијал. Ново истражување на австралиската платформа за запознавање „Форгет Динер“ открива кои однесувања најчесто ги оттурнуваат луѓето и ги намалуваат шансите за втор состанок, а пренесува „Ејџлес Рејдиенс Клаб“.

Според резултатите, дури секој втор Австралиец не би излегол повторно со личност која постојано користи пцовки. Иако Австралијците важат за опуштени луѓе, кога станува збор за романтични средби, правилата се поинакви.

Што најмногу ги одбива луѓето на прв состанок?

Истражувањето покажало дека најголемите причини поради кои некој не би добил втора шанса се:

Пцуење и вулгарен говор – најголем проблем за 48,3 отсто од жените и 39,3 отсто од мажите.
Постојано користење мобилен телефон – 30,9 отсто не би сакале повторно да излезат со личност која е постојано на телефонот.
Негативност – 33,4 отсто сметаат дека постојаното жалење, критики и разговори за поранешни партнери се сериозен минус.
Преголема зависност од партнерот – 27,4 отсто не сакаат личности кои уште на почеток покажуваат претерана потреба за внимание.
Суета и самозаљубеност – 23,3 отсто ги оттурнува впечатокот дека некој е опседнат со себе.
Претерано бурно однесување и склоност кон постојани забави – неприфатливо за 12,4 отсто од испитаниците.

Интересно е што срамежливоста не се смета за голем проблем. Само 3,6 отсто од испитаниците изјавиле дека би биле загрижени ако нивниот соговорник е повлечен и тивок.

Како да се намали тремата пред состанок?

Експертите советуваат неколку едноставни чекори:

– Размислувајте позитивно и избегнувајте сценарија со најлош можен исход.
– Не поставувајте преголеми очекувања уште пред да започне состанокот.
– Подгответе неколку теми за разговор за да избегнете непријатна тишина.
– Непосредно пред средбата направете неколку длабоки вдишувања за да се смирите и да ја намалите нервозата.

Трикови за подобар впечаток

Според експертите за односи, неколку едноставни навики можат значително да помогнат:

– Одржувајте контакт со очите, бидејќи тоа создава чувство на блискост и доверба.
– Повремено користете го името на соговорникот во разговорот, што покажува внимание и заинтересираност.
– Суптилно следете го говорот на телото на другата личност, бидејќи сличните движења создаваат чувство на поврзаност.

Иако не постои сигурна формула за успешен прв состанок, истражувањето покажува дека љубезноста, вниманието и позитивниот пристап и понатаму се најважните состојки за добар прв впечаток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот