Посебен режим на сообраќај / Фото: МВР

Скопје под посебен сообраќаен режим од денеска до четврток — пристигнува претседателката на Индија

Од денеска до четврток во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму.

-Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје – се вели во соопштението на МВР.

Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот