Вода од чешма во Гостивар, фото принтскрин
Вода од чешма во Гостивар, Фото: принтскрин / читател на „Слободен печат“

Готови се резултатите на ИЈЗ за водата во Гостивар — има отстапувања од нормалните параметри кои одговараат на моменталната состојба

Слушај ја веста

Резултатите на Институтот за јавно здравје од испитаните мостри од вода на четири локации во Гостивар се готови и има отстапувања од нормалните параметри кои одговараат на моменталната состојба што владее во градот – стотици болни со стомачни тегоби, дијареја и повраќање, дознава „Слободен печат“.

Сепак, не успеавме да ги дознаеме точните резултати во отстапувањата бидејќи Јавното обвинителство инсистирало тие прво да дојдат кај нив, па после тоа ќе се изврши вештачење со цел да се докаже дали оваа вода стигнала до чешмата на граѓаните.

Според информации на „Слободен печат“ водата што е испитувана е тестирана со параметри на „вода за пиење“, кои се пониски, односно треба да исполнуваат поригорозни стандарди за безбедност отколку доколку се испитуваат параметри на други типови вода. Како што претходно објавивме, кога екипата на ИЈЗ била на терен да ги земе мострите, се соочила со притисок, поточно група луѓе не им дозволувале да ги земат мострите. Материјалите, односно мострите вода кои се земени на четири локации, се ставени во апаратите на ИЈЗ во четири по полноќ иако екипата била таму уште вечерта.

Трендот на новопријавени граѓани со стомачни тегоби во Гостивар не опаѓа и се движи од 250 до 300 нови случаи дневно. Во саботата имаше сто на детското одделение и 160 на Инфективниот оддел, а вчера имало слична бројка на детското одделение во гостиварската болница и 200 новопријавени на Инфективниот оддел.

Прогласена е епидемија, а водата во Гостивар е забранета за каква било употреба.

ВИДЕО | Водата во Гостивар е кафена, експертите велат дека е направено свесно кривично дело

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот