Фото: илустрација / Слободен печат

Тројца исчезнати луѓе од Косово се пронајдени починати на патот Скопје-Блаце

Тројца патници од Косово, маж и две жени, кои пристигнале на скопскиот аеродром вечерта во сабота, вчера биле пријавени за исчезнати во Македонија, а синоќа се пронајдени починати во превртен автомобил на патот кон граничниот премин Блаце, соопшти полицијата.

Роднина на починатите, исто така државјанин на Косово, вчера попладне пријавил дека изгубил контакт со нив претходната вечер.

„На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и утврдено е дека во возилото има три починати лица ( едно машко и две женски лица). Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Претходно, во 13:40 часот во ПС Бит Пазар, државјанин на Косово пријави дека три лица се исчезнати, а последен контакт имал со нив на 18.07.2026 околу 22:15 часот, кога тие биле на аеродромот во Скопје“, пишува во полициското соопштение.

Измамник прелажал лековерна жена од Неготинско, му дала 50.000 денари за „трошоци за одобрување“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот