Фото: илустрација / Слободен печат

Скопјанка пријавила дека ја нападнале двајцата синови од претходниот брак, насилството го снимале

Жена од Скопје пријавила дека во нејзиниот дом, додека била со партнерот и малолетното дете, влегле нејзините два сина од претходниот брак, кои биле со своите девојки, и физички ги нападнале, соопшти МВР.

„На 19.07.2026 околу 23:40 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена пријави дека околу 23:00 часот во домот каде била со нејзиниот 36-годишен партнер и нејзиното малолетно дете, дошле нејзините два сина од претходниот брак и нивните девојки, по што физички ги нападнале, а настанот го снимиле со мобилен телефон, а на заминување го одзеле нејзиниот мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Двајца скопјани се осомничени дека силувале жена од Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот