Познат е идентитетот на луѓето кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа во близина на „Блаце“
Ејуп Тернава, Џенет Тернава и Фатмире Шабани од Косово се трите лица кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа на патот од граничниот премин „Блаце“ кон Скопје, а кои претходно беа пријавени за исчезнати од нивните семејства, пишува „Ботасот“.
Препорачано
Според информациите што ги објави телевизијата Алсат, автомобилот бил пронајден превртен во близина на границата со Косово, односно во близина на првиот кружен тек, на делот од автопатот кој е сè уште во изградба. Според првичните сознанија, две од лицата биле преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, по што тргнале кон Косово. Несреќата се случила пред да ја преминат државната граница.
Семејствата ден претходно преку медиумите и социјалните мрежи побараа помош од граѓаните за нивно пронаоѓање. Според објавите, тројцата последен пат биле видени во саботата околу 22 часот во Скопје.
Тие патувале со син „мерцедес ГЛЦ“ со германски регистарски таблички.
Претходно, Министерството за внатрешни работи соопшти дека во неделата во 22:35 часот било пријавено превртено возило „мерцедес“ со германски национални ознаки на патот ГП „Блаце“ – Скопје. Полициските службеници на местото пронашле три починати лица – едно машко и две женски лица, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Истрагата за причините што довеле до несреќата е во тек.
Тројца исчезнати луѓе од Косово се пронајдени починати на патот Скопје-Блаце


