Измамник испратил друг да се пријавува како невработен наместо него, незаконски зел речиси 38.000 денари
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривични пријави против две лица поради сомнение за злоупотреба при користење паричен надоместок од Агенцијата за вработување.
Препорачано
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, кривична пријава е поднесена против Ј.К. (52) од селото Саса, Општина Македонска Каменица, поради сомнение за кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“, како и против Б.К. (57) од Кочани, кој се сомничи за „поттикнување“ во врска со истото кривично дело.
„На 8 мај годинава Ј.К. во просториите на подрачната единица на Агенцијата за вработување во Македонска Каменица се претставил како Б.К. и во негово име доставил контролен картон за редовно пријавување на невработено лице. Б.К. бил корисник на паричен надоместок од Агенцијата за вработување во периодот од 1 февруари до 5 јуни 2026 година и имал законска обврска лично да се пријавува во Центарот за вработување Делчево на секои 30 дена.“ соопшти МВР.
Наместо тоа, како што се сомничи, го поттикнал Ј.К. да се пријавува во негово име, со што незаконски стекнал имотна корист во износ од 37.768 денари.
Измамник прелажал лековерна жена од Неготинско, му дала 50.000 денари за „трошоци за одобрување“


