Булеварот „Туристичка“ во Охрид / Фото: Охрид прес (Ohridpress.com.mk)

Во Охрид веќе е гужва, деновиве ќе биде уште повеќе — доаѓа претседателката на Индија

Веќе забревтаната летна туристичка сезона во Охрид деновиве ќе добие уште поголем замав — ќе има затворени улици поради посетата на претседателката на Индија, Друпади Мурму. Полицијата воведува засилени безбедносни мерки, а меѓу нив е и забраната за паркирање на централниот охридски булевар, улицата позната како „Туристичка“

„Од денеска па сè до 22 јули 2026 година, кога индиската претседателка ќе престојува во Охрид, полициските служби ќе спроведуваат активности за физичко и сообраќајно обезбедување на улиците, сообраќајниците и објектите поврзани со посетата. За спроведување на мерките веќе се остварени контакти со локалната самоуправа, службите задолжени за одржување на патиштата и улиците, јавните претпријатија, како и со други надлежни институции“, велат од охридската полиција.

„Посебно внимание ќе биде посветено на регулирањето на сообраќајот, при што Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид веќе започна со засилени контроли, особено по булеварот „Туристичка“, но и на други улици и патишта каде што ќе има ограничувања за запирање и паркирање возила. Мерките ќе ги опфатат и магистралните, регионалните и локалните патишта од Охрид кон Свети Наум, заштитниот појас покрај патиштата, улиците во населените места, како и паркиралиштата во централното градско подрачје и стариот дел на Охрид. Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници и да покажат разбирање за привремените ограничувања“, се вели во соопштението.

„Ги повикуваме граѓаните да ги почитуваат мерките што се преземаат за безбедност на сите учесници во сообраќајот. Се препорачува моторните возила да се користат само во неопходни случаи, а каде што е можно да се користат алтернативни превозни средства“, велат од СВР Охрид.

Охрид да се стави на Листата на светско наследство во опасност — УНЕСКО сериозно предупредува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот