Пожар накај Визбегово- Фото Слободен печат - Методи Здравев
Пожар / илустрација / фото: Слободен печат / Методи Здравев

Дури 20 пожари на отворено гореле во Македонија денеска, три се активни и вечерва

Повеќе пожари на отворен простор беа евидентирани до 20 часот во Скопскиот регион, а благодарение на брзата реакција на пожарникарите и надлежните служби, најголемиот дел од нив се ставени под контрола или целосно се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите од ЦУК, гореле претежно сува и ниска вегетација, како и еден овоштарник, а по сите пријави веднаш интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Под контрола или целосно изгаснати се пожарите во Волково, Кучевишка Бара, Катланово, Кадино на патот кон Ајватовци, Лисиче кај Чатал, Бунарџик, Катлановска Сушица и на потегот Добри Дол – Терминал во Општина Сопиште.

Во моментот пожарникарите сè уште интервенираат на три локации – во атарот на селото Блаце кај Катланово, во Општина Петровец, на влезот во селото Сушица, во Општина Петровец, каде што гори овоштарник, како и во селото Страхојадица, во Општина Зелениково, каде што е зафатена сува трева.

ВИДЕО | Пожарот на депонијата кај Добрашанци и денеска ги труе струмичани, цела котлина е покриена со чад

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот