Вучиќ тргнува во кампања за премиер, ќе оди со „шкодата“ зашто е многу скромен
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека кампањата за претстојните парламентарни избори ќе ја води со својот личен автомобил, обиколувајќи ги градовите и селата низ Србија и барајќи поддршка од граѓаните за можен премиерски мандат, пренесуваат српските медиуми.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Нема тука некоја голема филозофија. Ќе седнам во мојот автомобил, ме чека мојата „шкода“, и ќе ја обиколувам Србија од место до место за да побарам поддршка за мандатот за премиер, доколку биде донесена таква одлука – изјави Вучиќ.
Тој посочи дека по оставката од претседателската функција ќе биде дел од кандидатската листа „Единствена Србија“ на владејачката Српска напредна партија (СНС).
Вучиќ објасни дека прво треба да поднесе оставка Владата на Србија, по што тој би ги распишал парламентарните избори. Според неговите најави, по распишувањето на изборите би продолжил да ги извршува претседателските обврски уште најмногу две недели, по што би се повлекол од функцијата.
Тој вчера изјави дека парламентарните избори во Србија би можеле да се одржат во рок од 80 до 120 дена.
На крајот на јуни Вучиќ најави дека наскоро ќе поднесе оставка од претседателската функција, но не соопшти конкретен датум. Тој претходно со месеци негираше дека размислува да се врати на премиерската функција (која ја извршуваше од 2014 до 2017 година), но потоа се премисли.
Во Белград се собраа речиси 200.000 луѓе — втор најголем протест од падот на Милошевиќ


